Такси-драма на улиците на Њујорк

такси драма на улиците на њујорк

Секој возач негодува кога ќе му пресечат пат, но оваа таксистка полуде целосно. Откако размени неколку тупаници со двојката од другото возило, таа седна во својот автомобил и уништи уште неколку возила околу

Алиса Малет е дама на возраст од 25 години и вози традиционално „жолто такси“ во Њујорк. Младата дама можеби е под силен стрес, а можеби е и само лесно раздразлива. Но, сигурно е дека таа не трпи неправда. Кога еден возач на Nissan ѝ го препречи патот на Менхетен, таа збесна комплетно.

На снимката се гледа како таа излегува од своето такси и се упатува кон другото возило, покажувајќи му стегната тупаница на возачот, извесен Шон И. Тој се обидува да ја смири, но Алиса не се двоуми и веднаш го напаѓа со тупаници. Шон ја совладува дамата, којашто паѓа на земја, но таа не се откажува и повторно се залетува кон возачот.

https://twitter.com/twitter/statuses/1027928643027300352

Минувачите безуспешно се обидуваат да ја смират ситуацијата. Тогаш се вмешува и сопатничката во Nissan. Дамите се влечат за коси, се гризаат, а не пропуштаат да разменат и по некоја тупаница. Малет во тој момент отстапува и се враќа кон возилото.

Таа седнува зад воланот на својот автомобил и се обидува да го обиколи белиот Nissan оддесно, но удира во паркирано комбе на UPS. Таксистката на момент добива слободен пат, но тогаш ја блокира нејзиниот „противник“. Алиса смета дека единствениот можен излез од таа ситуација е да удри повеќепати во Nissan. За неколку минути се оштетени повеќе возила, вклучувајќи го и сопственото такси.

Шон И. се држи за жолтото такси, но Малет не попушта и се залетува напред и назад, со цел да го „истресе“ несаканиот патник. Градските власти соопштија дека Алиса Малет поседува такси лиценца за Њујорк само 14 месеци. Во досието на бунтовната таксистка пишува дека таа повеќепати наплаќала превисоки сметки, а против неа се водела и судска постапка откако со мобилен телефон удрила патник. Малет сега ќе одговара за општо загрозување и телесни повреди. Такси-лиценцата, таа може да ја заборави.

Претходна објаваЗошто островските земји ги обожуваат електричните автомобили
Следна објаваPeugeot 508 против Volkswagen Arteon на споредбен тест на Ауто Билд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here