Понудата од моделски изведби во гамата на Renault Megane не може да биде комплетна без лимузина. Така сметаат купувачите во Источна и Централна Европа, кадешто триделната каросериска изведба отсекогаш предизвикувала повеќе интерес отколку комбилимузината. Изгледот не е единственото што укажува на повисокото позиционирање на лимузинскиот Megane.
Новата генерација на компактот на Renault ја доби и лимузинската изведба. Megane Sedan ќе се продава во триесетина земји, првенствено во Источна и Централна Европа, кадешто купувачите традиционално ја почитуваат триделната каросериска форма во компакт класата и статусот што истата го оддава. Производството вообичаено ќе се одвива во турската фабрика на Renault во Бурса, продажбата стартува веќе есенва.
Лимузината со силуета како на купе располага со багажник од 550 литри. Со должината од 4,63 метри, Megane Sedan веќе завлегува во ресорот на средната класа, исто како и со меѓуоскиното растојание од 2,71 метри, што е рекорд во компакт класата. Француските стилисти масовно користат хромирани детали во изгледот заради нагласување на лимузинскиот статус, во маската, стрнаичните лајсни, рачките на вратите, па дури и на издувните цевки.
Системите за асистенција и можностите за поврзување со преносни уреди се преземаат од комбилимузинската изведба на Megane – големиот „таблет“ во средишната конзола исто така
Единствен во класата, Megane Sedan може да се нарача во изведба со панорамски сончев покрив, којшто ја зафаќа речиси целата површина на покривот и визуелно ги поврзува ветробранот со задното стакло, внесувајќи дополнителна елеганција во изгледот на лимузината.
По пример на комбилимузинската сестра, Megane Sedan располага со препознатливи предни светла со матрица во форма на C, додека за поскапите верзии се достапни и диодни предни светла. Кокпитот е идентичен со верзијата со пет врати, исто како и седиштата од новата генерација, вградувани и во Talisman и Espace.
Патниците на задната клупа добиваат 37 милиметри повеќе простор за нозете
Французите сепак се најмногу горди на просторноста во кабината и ветуваат ширина во делот на рамениците и лактите што е меѓу најголемите во класата. Со простор за колената од 216 милиметри, лимузината располага со дури 37 милиметри повеќе простор отколку верзијата со пет врати. Тоа што по традиција ги привлекува купувачите е багажникот: Тука Megane Sedan нуди зафатнина од 550 литри или 20 литри повеќе од Fluence.
Французите нудат избор од два бензинци и три дизели за новиот Megane Sedan: 1,6-литарски бензинец со 115 КС, во комбинација со 5-степен мануелен менувач или автоматски менувач, 1,2-литарски турбобензинец со 130 КС и 7-степен менувач со двојна спојка или 6-степен мануелен менувач (од почетокот на следната година), како и 1,5-литарски дизел со 90 и 110 КС, обата со 6-степен мануелен менувач, верзија на dCi 110 со 6-степен менувач со двојна спојка и 1,6-литарски дизел со 130 КС и 6-степен мануелен менувач.
[FAG id=25736]

















