Космичкото Lamborghini на Џеј Кеј оди на продажба

lamborghini diablo cosmic girl

Првпат во историјата се случува „автомобил од друга галаксија“ да се појави се појави во оглас за продажба. Lamborghini Diablo, познат од хитот „Космичка девојка“ на Џеј Кеј, понуден е на онлајн-берза. За цената не може да се очекува да биде ниска.

Lamborghini Diablo во виолетова металик боја се чини познато? Два идентични примерока од такво Lambo се појавија во музичкиот спот „Космичка девојка“ на Џеј Кеј во 1996-та година. Еден од тие примероци сега е понуден за продажба на онлајн-берза по цена од 549.995 фунти. Првиот примерок не го преживеа снимањето на видеоспотот и мораше да биде заменет.

Еден од 16 примероци на Lamborghini Diablo со волан од десната страна

Автомобилот е понуден за продажба на онлајн-берзата Auto Trader и еден е од 16-те примероци што се изработени со волан од десната страна. Ниту тој не го мина снимањето неоштетен. Камера паднала врз ветробранот и го уништила, но Џеј Кеј решил снимањето да го продолжи без стаклото.

До огласот може да се пристапи под http://www.autotrader.co.uk/classified/advert/201707267740900

Во „Космичка девојка“ се појавуваат три суперавтомобили. Ова Lambo е единственото што „Вселенскиот каубоец“ го поседувал. Огласот е на име на Amari Supercars, кои всушност му го продале виолетовото Lambo на Џамироквај во 1996 година. Потоа италијанскиот суперавтомобил имал уште два сопственика, за на крајот повторно да се врати во Amari.

Претходна објаваToyota и Mazda градат заедничка фабрика во САД
Следна објаваТемен Bentley е моќен и лут Bentley

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here