Поради глобалните кибер-напади, Renault привремено го запре производството во неколку свои фабрики. Францускиот производител го презеде овој чекор со цел да спречи ширење на штетниот софтвер.
Автомобилскиот производител Renault по глобалниот бран кинер-напади го запре производството во дел од своите фабрики во Франција. Овој чекор беше преземен како дел од заштитните мери со цел да се спречи ширење на штетниот софтвер. Според информациите од работничките здруженија, најмногу била погодена фабриката во Сандувил во регионот на Нормандија, со околу 3.400 работници. Најголем дел од продукцијата во оваа фабрика отпаѓа на доставните возила, како Renault Traffic.
Renault stops production at some sites after cyber attack https://t.co/Pyw47P8o4L pic.twitter.com/LF6eK1L7bs
— Reuters (@Reuters) May 13, 2017
Инфицирани се најмалку 75.000 компјутери
Според првичните наводи од информатичките експерти за безбедност, во кибер-нападите од петокот се заразени најмалку 75.000 компјуери во десетина држави. Погодени се повеќе болници во Велика Британија, германската железница и телекомуникацискиот концерн Telecom во Шпанија. Нападите се запрени во ноќта кон сабота, благодарение на експерт кој во софтверскиот код наишол на еден вид „сопирачка за итен случај“.
















