за

Електрични автобуси за превоз на ученици во САД

електрични автобуси jooley thomas built buses

Американскиот производител на автобуси Thomas Built Buses од почетокот на 2019 година ќе го испорачува легендарниот училишен автобус во изведба со електричен погон.

Легендарните жолти автобуси што целиот свет ги познава од американските филмови наскоро почнуваат да возат на струја. Производителот Thomas Bullt Buses го претстави првиот училишен автобус од сериско производство со погон на струја. Од почетокот на 2019 година, „Saf-T-Liner C2 Electric Bus“ или кусо „Jouley“ ќе ги превезува учениците во САД. Со места за 80 деца, жолтиот автобус ќе вози безбедно, тивко и без штетна емисија.

Електрични автобуси со досег од 160 километри

Батеријата со капацитет од 160 киловатчасови овозмоуваат досег до 160 километри. По потреба, во автобусот може да се вгради и поголема батерија, за уште подолг досег. Во развојот на Saf-T-Liner C2 Electric Bus учествуваше германскиот концерн Daimler, којшто е сопственик на Thomas Built Buses.

Компанијата е основана во 1916 година. Нејзините автобуси се познати насекаде низ светот, преку појавувањето во голем број филмови и тв-серии. Дури четири од десет училишни автобуси во САД го носат логото на Thomas Built Buses.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

opel санација лошелер

Планот за спас на Opel: Пациентот мора да слабее

Lotus Exige Cup 430

Lotus Exige Cup 430 во нелимитирано издание