Дизајнерот на Citroen: C4 Cactus требаше да изгледа уште порадикално

Французите сакаат да стават крај на ерата на агресивните дизајни со моделот C4 Cactus. Главниот дизајнер Александер Малвал открива дека имал намера Cactus да изгледа уште порадикално.

Citroen го образложува невообичаениот изглед на моделот C4 Cactus како револуционерен чекор во новата ера. „Луѓето повеќе не сакаат да седат во тенкови. Тие бараат простор да дишат, со многу светлина, каде што ќе се чувствуваат пријатно“, открива главниот дизајнер на Citroen, Александер Малвал во интервју за индустрискиот информатор Аутомотив Њус. „Ние понудивме автомобил без агресивност, кој влева доверба со рамните линии и ја поттикнува желбата да се седне во него.“

Првичната замисла за изгледот на Cactus досегала уште подалеку, открива Малвал. „Имавме намера целосно да се откажеме од кокпит. Тоа е идеалниот сон за дизајнерите, но купувачите уште не можат да се откажуваат до толку.“ Впечатливите „воздушни браници“ на Cactus се изработени од мека пластика. „Воздушните браници не се украс, туку се ефективна заштита од гребаници и влабнатини. Ги развивме затоа што сметам дека автомобилот треба да ги поштеди патниците од непотребен стрес. Стравот од оштетувања исто така претставува голем фактор на стрес за секој возач на автомобил“, објаснува дизајнерот.

Претходна објаваОбидот за рекорден лет заврши со незгоден долет
Следна објаваТоп 10: Најдобрите автомобили произведени во Мароко

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here