Овој автомобил буквално ја јаде нечистотијата во воздухот

mann hummel нечистотијата во воздухот

Откако се дозна дека производителите долги години мамеле околу чистотата на своите автомобили, браншата сега поаѓа во одбранбен поход. Специјалистот Mann Hummel претстави возило со филтер на покрив, кој ја впива нечистотијата во воздухот што ја оставаат возилата.

Жителите во европските градови се загрижени околу опасностите од загадениот воздух по здравјето, особено ситните, но подмолни честички гареж. Тамошните политичари веќе најавуваат забрани за пристап со стари возила со дизел мотор во градските центри, во некои градови веќе со години постојат строги ограничувања со цел жителите да се поштедат од нечистотијата во воздухот, односно од опасните честички.

Специјалистот за филтри Mann Hummel докажува дена браншата секогаш располага со решение за сите проблеми. Единствено треба да дојде вистинскиот момент и на пазарот да се пласира тоа што се бара. Нивното тест-возило поседува три уреди што треба да придонесат за пречистување на водухот од честичките гареж.

Тест-автомобилот чисти исто колку што загадува

Големиот филтер што е поставен на покривот го собира гарежот од атмосферскиот воздух. Патниците во возилото се заштитени со нов вид филтер за ентериер. Интересна идеја претставува своевидната правосмукалка што го вшмукува гарежот ослободен од триењето меѓу сопирачките дискови и облогите. Точно е, освен при согорувањето на горивото, гарежот се ослободува и при секое сопирање, па дури и при триењето на гумите од асфалтот.

Вистината зошто Македонија не го спречува загадувањето од сообраќајот

Големиот филтер на покрив може да биде решение за проблемот со загадувањето од сообраќајот. Тестирањата на Mann + Hummel докажале дека овој филтер значително го подобрува еколошкиот биланс на возилото. Филтерот собира исто толку нечистотија од атмосферскиот воздух, колку што излегува нечистотија низ издувот на возилото. Тестирањата сепак се извршени како симулација, на компјутер. Веројатно и на специјализираниот производител од германскиот Лудвигсбург му е јасно дека димензијата на филтерот е проблем, исто како и неговата поставеност на покривот. Аеродинамичноста е во прашање.

Решението за кабината има поголема применливост. Во тест-возилото се користи нов вид филтер за кабина. Применетата смеша од активен јаглен во филтерот постигнува висок степен на пречистување на отровните азотни оксиди (тоа е дизел-скандалот) и на уште неколку штетни гасови. Иновативниот премаз на филтерот го апсорбира амонијакот, додека најситни нано-влакна штитат од гареж и од полен.

Повеќе штетни материи од сопирачките отколку од издувот

Третото решение е филтерот за вшмукување на гарежот од сопирачките. Поставен во робусно куќиште непосредно покрај сопирачките, филтерот спречува гарежот да доспее во атмосферата. Според Mann Hummel, од сопирачките се ослободува неколкукратно повеќе гареж отколку од издувниот систем.

Претходна објаваВозењето на батерии е новиот луксуз: Vision Mercedes-Maybach 6 Cabriolet
Следна објаваКлубот АДАК измери: Германските дизели петпати почисти од француските

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here