за ,

Чистите стакла се важни на безбедноста

Не постои точна статистика колку незгоди се предизвикани поради нечисти стакла на автомобилот. Но, факт е дека нечист ветробран може да доведе до целосно заслепување на возачот при директно сонце.

Под одредени услови, нечистотијата што е наталожена од внатрешната страна на ветробранот може да дејствува како сив филм и целосно да го замагли видното поле на возачот. Доколку стаклото е измачкано однадвор со остатоци од инсекти, заслепувачкото дејство на сончевите зраци или на светлата од возилата отспротива се засилува уште повеќе. Во исклучителен случај, возачот може да реагира со нагло завртување на воланот и да предизвика незгода.

Затоа е неопходно да се внимава на одржувањето на внатрешноста на возилото исто колку на надворешноста, односно на миењето на каросеријата и на бандажите. Покрај тоа што јасната глетка придонесува за безбедноста, возењето со чисти стакла е порелаксирано за возачот. Тенкиот слој мрснотија, кој што главно се создава врз автомобилските стакла при работата на вентилацијата на кабината, лесно се отстранува со обичните средства за чистење стакла кои што се достапни во секој супермаркет. За чистење на стаклата однадвор се користат специјални средства од продавница за авто прибор.

Секако не треба да се заборави садот со течноста за стакла да биде доволно полн и метличките на ветробранот да бидат функционални. Метличките треба да се проверат во овој период од годината, затоа што зимата ги оштетува значително. Порозните или скинатите метлички оставаат траги на ветробранот, кои ја намалуваат видливоста.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Volkswagen гази по теренот со стил

Двотактен мотор ќе воведува револуција