Хибридниот компакт на Lexus со премиера во Кина

10. LEXUS CT, продадени примероци 4,733 (-1.2%)

Престижната марка на Toyota го избра салонот во Гуангжу на југот на Кина како место за претставување на освежената генерација на CT 200h. Моделот доаѓа во Европа напролет.

Новото издание на компактниот хибрид се одликува со подинамичен дизајн во споредба со претходникот, за што најмногу придонесува препознатливата маска Diabolo преземена од останатите модели на марката. Други надворешни белези на првиот премиум модел со хибриден погон во компакт класата се новиот дизајн на бандажите и промените во изгледот на задниот дел, со поголема нагласеност на хоризонталните линии.

Продажбата на моделот во Европа ќе стартува напролет. Останатите детали производителот ќе ги открие на салонот во Гуангжу кој почнува на 21-ви ноември.

lexus ct 200h 2

Претходна објаваЕксперт тврди: Електричните коли имаат проблем со сопирачките
Следна објаваМилионска кражба во салон на Bentley во Берлин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here