Од повторното лансирање под закрила на Renault, романската марка продаде три милиони возила во Европа и во регионот на Медитеранот. Продажбата во првото полугодие порасна за 24 проценти.
Откако беше лансирана како член на групацијата Renault пред десет години, марката Dacia веќе достигна продажба од три милиони возила, само во Европа и во земјите од Медитеранот. Порастот на продажбата од 24,4 проценти во првите шест месеци од годинава се далеку над просекот на браншата, а уште подобри резултати се постигнуваат на европскиот пазар, кадешто Dacia забележа раст од дури 36,2 проценти. Клучевите од тримилионитиот автомобил од премиерно прикажаниот модел Dacia Sandero Stepway, беа предадени на Шпанецот Андрес Паломо Паз во рамките на парискиот салон што се одржува до недела.
Dacia продолжува да го проширува своето присуство на пазарот, со Израел како следен нов пазар, откако во 2013 година марката беше успешно лансирана во Велика Британија, Ирска, Данска, Норвешка, Кипар и Малта.