Трае скандалот на ADAC: Volkswagen и BMW ги враќаат наградите

Прво беа лажирани само бројот на гласови, а сега се покажува дека и редоследот во изборот на „Најпопуларниот автомобил во Германија“ бил наместен. Производителите сакаат да ги вратат наградите.

Концерните Volkswagen и BMW размислуваат да ги вратат сите награди освоени на изборот на „Најпопуларен автомобил во Германија“ што клубот ADAC им ги има врачено во минатите години. Причина за враќањето се пишувањата на германските медиуми дека клубот го лажирал и пласманот на кандидираните возила. Имено, серијата 5 на BMW незаслужено добила висок пласман.
Од BMW реагираа дека ќе бидат вратени сите награди од ADAC доколку се потврдат обвинувањата. Исто реагираа и од Volkswagen: „Доколку е точно, ќе му вратиме на ADAC цел камион награди! Тие уште сега се изгребани, а тогаш ќе бидат безвредни!“

Според реалните гласови, Volkswagen Tiguan требало да се најде меѓу првите пет во изборот. Но, ADAC решил местото да го замени со серијата 5 на BMW, реално пласирана на седмото место.

Претходна објаваBMW бара локација за нова фабрика во Америка
Следна објаваPorsche Panamera по вкус на Марија Шарапова

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here