Течен метан на пат да го замени дизелот во камионите

течен метан камиони iveco stralis np

Iveco ја доби најголемата нарачка за Stralis NP досега, со 500 камиони кои ќе возат за шпедицијата Jost. Сите петстотини камиони користат течен метан како погонско гориво. Планот на Белгијците е до 2020 година повеќе од една третина од возниот парк да го префрлат на течен метан.

Iveco ја постигна најголемата зделка за Stralis NP досега, со 500 нови камиони со погон на течен метан коишто ќе возат за шпедицијата Jost низ целата територија на Европа. Според производителот, станува збор за еколошки најодржливиот камион во моментов, со течен метан (LNG) како погонско гориво, кој во моментов е единствената достапна алтернатива за дизелот.

Првите 150 примероци од нарачката ќе бидат испорачани во текот на следната година, за возниот парк потоа да се комплетира до 2020 година. Новите камиони ги заменуваат дизелите стари меѓу 4 и 5 години во возниот парк на белгиската шпедиција којшто се состои од 1.400 камиони и 3.000 приколки. Два камиона веќе користат компримиран природен гас (CNG).

Погонот на течен метан ги смалува емисијата на NOx и бучавата за 50%

Jost е меѓу првите компании што преоѓаат на новата технологија. Во следните три години, камионите со погон на LNG ќе постигнат удел од 35% во возниот парк на шпедитерот кој се вбројува меѓу најголемите во оваа бранша во Европа. Компанијата воедно инвестира и во сопствена инфраструктура за течен метан, со изградба на три станици во сите поголеми оперативни центри во Белгија.

Во Iveco NP работи деветлитарски мотор на течен метан со 400 КС и 1700 Nm. Со полн резервоар со „смрзнат“ метан, камионот минува до 1500 километри

Побарувачката за LNG бележи голем пораст во Европа. Германското министерство за транспорт смета дека течниот метан е најдоброто решение за патен транспорт во следните 10 до 15 години. Емисијата на СО2 се намалува до 10% во споредба со дизел моторите, односно дури 95% доколку се користи биометан. Уште позначајно е намалувањето на емисијата на азотни оксиди за 50%. Бучавата исто така се смалува драстично, за дури 50%, што е важно при достава во градски средини.

Iveco прв ги препозна предностите на метанот, уште во 1991 година. До денес се продадени над 22.000 возила на Iveco со погон на гас.

Претходна објаваНема место за нови автомобили во Сингапур
Следна објаваТоп 10 Најбрзи патнички комбиња: Темпо 200 и спринт за девет секунди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here