Супермоторот од GT ќе се вградува и во моделите на Mercedes

Mercedes планира да го вградува новиот четирилитарски V8 во целата моделска гама, како замена за 5,5-литарскиот мотор. Овој битурбо мотор е дело на подмарката Mercedes-AMG.

Новиот четирилитарски мотор V8 развиен во Mercedes-AMG ќе се вградува и во моделите од стандардната понуда на Mercedes, како замена за сегашниот осумцилиндарец од 5,5 литри. Mercedes ќе го искористи овој мотор од спортското одделение AMG како основа за изведување на сопствена верзија, од сопствено производство. Напроти тоа, AMG ќе продолжи со традицијата еден човек да го изработува целиот мотор во погоните во Афалтербах.

Новитет е и тоа што спортските модели AMG во иднина ќе се водат под марката Mercedes-AMG, по примерот на новите GT и екстремната верзија на моделот од средната класа, C63. Менаџерите во германскиот Афалтербах ги побиваат шпекулациите околу можноста за вградување на дизел мотори во моделите на Mercedes-AMG, како и развојот на верзија на GT со погон на сите тркала. Единствената промена во погонската спрега е тоа што секој модел со заден погон и знак на AMG отсега поседува блокада на задниот диференцијал како стандард.

Актуелниот џин во понудата на мотори, шестлитарскиот V12, наскоро ќе се појави во комплетно преработено издание и ќе добие помош од електромотор, заради исполнување на строгите норми за издувни гасови. Со тоа се побиваат и шпекулациите дека Mercedes-AMG ќе го користи новиот V8 од суперкупето GT и од него ќе изведе дванаесетцилиндарец со додавање на четири цилиндри. Новиот GT, инаку, целосно е распродаден до 2016 година.

Претходна објаваMcLaren P1 GTR со волан како во формула 1
Следна објаваToyota го задржува првото место во продажбата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here