за

Српска работа: Штрајк во фабриката на Fiat во Крагујевац

Поради блокирана железничка линија мораше да прекине производството на Fiat 500L во Србија. Фабриката е нова и автомобилите се нови, но практиките од времето на Yugo останале.

Производството на моделите Fiat 500L и Fiat 500L Living во Крагујевац мораше да биде прекинато во четвртокот, затоа што добавувачите не можеа да ги испорачаат деловите за возилата. Штрајкуваат вработените во една фирма за транспорт, кои ги блокираа железничките линии и патиштата поради неисплатени плати.

Неочекуван прекин на производството на Fiat во Србија

Уште не се знае кога ќе продолжи производството. Штрајкот трае веќе две недели. Обата модела се големи надежи на марката Fiat, која што летово го лансираше 500L и на пазарот во САД, како втор модел на италијанската марка по Fiat 500.

Во поранешната фабрика на Zastava во Крагујевац, групацијата Fiat поседува 67 проценти од капиталот, а останатите 33 проценти се на српската држава. Откако Србија потпиша спогодна за слободна трговија со ЕУ, САД и Русија, за групацијата Fiat се отворија големи шанси за извоз од фабриката во Крагујевац. Моделот 500L се произведува од 2012 година, а во последната година од лентите се симнаа 30.000 возила. Со стартот на продажбата во САД и со воведувањето на продолжената верзија Fiat 500L Living, производството во оваа година се зголемува на 110.000 до 140.000 возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Случајно или намерно: Први слики од новата класа C на Mercedes

Европа на педали: Велосипедите ги победија автомобилите