за

Ричард Хамонд повреден во застрашувачка незгода на снимањето на „Гранд Тур“

Ричард Хамонд незгода

Водителската ѕвезда од поранешниот Тип Гир, Ричард Хамонд, беше пренесен во болница со хеликоптер откако со спектакуларна брзина излета од патот за време на снимањето на новата сезона на автошоуто „Гранд Тур“. Само неколку секунди ја решаваа судбината. Електричниот Rimac се запали веднаш по незгодата.

Ричард Хамонд, дел од славното водителско трио од некогашниот „Топ Гир“, за влакно избегна сериозни повреди по излетувањето со електричниот суперавтомобил Rimac. Сегашниот водител на „Гранд Тур“ возеше со фантастична брзина по патеката за ридската трка Хемберг во Швајцарија, кога одненадеж изгуби контрола над возилото со моќност од над 1.200 КС и излета од патот.

Хамонд бил свесен и разговорлив по незгодата и сам излегол од Rimac Concept One, неколку секунди пред уникатниот автомобил од хрватско производство да експлодира. Славниот водител се здоби со повреди на коленото и беше пренесен во болница со хеликоптер.

„Најголема и најзастрашувачка незгода“ што ја има видено Џереми Кларксон

Неговите колеги Џереми Кларксон и Џејмс Меј ја опишуваат незгодата како „експлозија на бомба“. Кларксон коментираше дека тоа е најголемата и најзастрашувачка автомобилска незгода што ја има видено.

Хамстер“ на својот блог објави видео во коешто ги поздравува фановите и им се извинува на сопругата и децата. Ова не е првпат водителската ѕвезда да се најде во животна опасност за време на снимањето на шоуто со милионска публика. Во 2006 година тој се најде две недели ставен во вештачка кома откако излета со автомобил со млазен погон при брзина од над 460 километри на час. Во март годинава Хамонд доживеа уште една незгода, кога мотоциклот што го возеше буквално го исфрли за време на снимањето на епизодата за Гранд Тур во Мозамбик.

На Ричард Хамонд му посакуваме целосно закрепнување и уште многу епизоди со милионска гледаност.

Ричард Хамонд фотографиран покрај Rimac Concept 1 пред незгодата

https://www.instagram.com/p/BVKn9d3hKcz/?tagged=richardhammond

https://www.instagram.com/p/BVKoG46lmSA/?tagged=richardhammond

https://www.instagram.com/p/BVMpmeRjArO/?tagged=richardhammond

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston Martin x Hogan

Со овој Aston Martin е подобро да се оди пеш

Opel; Neumann

Шефот на Opel преоѓа во Audi?