за

Пролетта ги вознемирува алергичарите

Сезоната на поленот е кошмар за возачите со алергии. Цветниот прав го растечува носот, очите чешаат, се одвлекува вниманието од патот.

Доколку возачот доживее напад од кивање зад воланот при брзина од 50 километри на час, цели 14 метри тој вози на слепо. Лековите против алергија предизвикуваат и намалување на способноста на возење. Луѓето со алергии треба да внимаваат на следните совети.

Лекарствата против алергија, познати како антихистамини, треба да се земаат навечер, за да се спречи поголема замореност во текот на денот. Подносливоста на новите средства е значително подобрена, но и покрај тоа овие лекарства ја намалуваат способноста за возење. Контраиндикациските ефекти можат да доведат до акутна опасност при возењето. затоа се препирачува претходно да се консултира лекар или апотекар.

Секако дека во случај на алергии се препорачува прозорците и сончевиот покрив да бидат затворени и да се вози со вклучена вентилација или климатизација. Филтерот за полен треба да се менува најмалку еднаш годишно, односно најдоцна на 15.000 километри. Носењето очила за сонце помага иритираните очи да се заштитат од силното сонце. Во особено нечисти подрачја може на кратко време да се вклучи рециркулацијата на воздухот, за во тоа време да не се вовлекува загадениот воздух однадвор.

Доколку и покрај предострожноста дојде до силни напади од кивање, возачот треба да вози блиску до крајниот раб на патот додека не престане нападот. При контуирани напади е подобро воопшто да не се седнува зад воланот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинези плаќаат 100.000 евра за воени таблички на приватни коли

Opel ја прошири моделската понуда на бестселерот Mokka