за

Продажбата во Кина го држи Volkswagen во плус

Во периодот од јануари до септември, гигантот од Волфсбург продаде 4,36 милиони возила глобално, што претставува раст од 3,6 %. Кина ја има единствената заслуга за позитивниот резултат.

Долгото присуство на Volkswagen на кинескиот пазар и искуството со неговите специфики му овозможува на европскиот број еден да се одржува во плус, што е реткост во браншата, особено во последнава година. Одличната продажба во Кина гарантира дека плановите за развој на нови модели и отворање нови фабрики на Volkswagen нема да претрпат штети од кризата.

Сосема очекувано, најголемиот пораст во продажбата е забележан во регионот на Азискиот Пацифик, каде што на клиентите им се испорачани 1,95 милион возила, односно плус 16,5 проценти во споредба со истиот период лани. Како најголем единечен пазар во регионот, Кина постигна раст од 18,2 проценти, со 1,79 милион возила. Наспроти тоа, индискиот пазар е во пад од 10 проценти, со 45.900 возила.

Во регионот на Северна Америка, Volkswagen продаде 2,1 проценти повеќе возила, односно 466.000 возила, од кои 314.800 се во САД (-2,6%). Во Јужна Америка исто така опаѓа продажбата. Од јануари до септември тука се продадоа 542.000 возила (-13,4%). Најголем пазар во редионот е Бразил со 407.400 возила (-16,3%).

Во цела Европа во првите три квартали се продадоа 1,23 милион возила (-5,7%), а само во регионот Западна Европа, без Германија, продажбата достигна 616.400 возила (-5,6%). На домашниот пазар продажбата е во пад главно поради доцнењето со испораките на возила, предизвикани од невремето во подрачјето на матичната фабрика во Волфсбург и штетите од градот. Дома, европскиот гитант продаде 410.300 возила (-8,2%).

Последниот регион е Централна и Источна Европа, каде што во периодов се продадоа 198.900 возила и тоа претставува незначително намалување од 0,5%. Од овие возила, 117.200 се продадоа во Русија (-4,7%).

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Новата Opel Meriva го следи стилот на знаменосецот Insignia

Новиот Picasso се купува за 19.990 евра