Полициски маратон: 83.000 казни за брзо возење во еден ден

Германската полиција не им простува на брзите возачи. Во еден ден низ целата земја беа поставени 8.500 радарски контроли. Иако акцијата беше најавена, огромен број возачи се фатени во брзо возење.

За еден ден германската полиција запре преку три милиони возачи, а на 83.000 од нив им изрече казни за брзо возење. Тоа значи дека 2,8 проценти од возачите се пребрзи, или изразено со вообичаената германска прецизност, секој 36-ти возач во големата акција е фатен како вози со недозволена брзина.

policija 2

Во акцијата што траеше од четвртокот во 6 часот наутро до петок во 6 часот учествуваа 15.000 полициски службеници. Контролните места беа објавени неколку недели однапред. Во соопштението на полицијата се наведуваат повеќе комични ситуации. Возач од Карслруе се пожалил дека возел со 65 километри на час низ град и притоа не бил фатен на радар. Друг возач реагирал за тоа што бил фатен со повисока брзина од дозволената 15 минути пред најавениот почеток на акцијата во 6 часот наутро. Веројатно човекот станал порано со намера да ги избегне радарите.

Претходна објаваПривлечна понуда од Opel: Corsa 1.2 Selection за 9.390 евра
Следна објаваВнимателно во есен: Лисјата и калта се лизгави како снег

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here