за

Новиот Prius ќе личи на студијата NS4

На Toyota Prius несомнено й припаѓа пионерската заслуга за воведувањето на хибридниот погон. На некои купувачи не им се допаѓа дизајнот. Но, тоа ќе се промени со наследникот од 2015 година.

Toyota не погреши со тоа што постојано го дизајнираше Prius поразлично од другите свои модели, но и општо од другите автомобили. Хибридниот автомобил сепак требаше да се разликува во уличната слика, исто како што се разликува и со погонот со две срца. Повеќето купувачи немаа проблем со тоа и Prius отсекогаш се продавал одлично.

toyota ns4 2

Во почетокот на 2015 година, Toyota ќе стартува со продажба на следната генерација на Prius. Официјални фотографии нема, но јасно е дека дизајнот ќе се раководи според студиите NS4 и FT-Bh. Тоа значи дека хибриднот пионер во четвртата генерација ќе ги замени острите линии на каросеријата со помеки и позаоблени форми што ќе бидат поатрактивни за купувачите на кои досега не им се допаѓаше моделот.

Најпродаваниот хибрид на сите времиња ќе напредува и во штедливоста. Потрошувачката ќе се намали за десетина проценти, меѓу другото благодарение на намалувањето на тежината на возилото за околу 50 килограми. Според тоа, идниот Prius би требало да троши 3,5 литри бензин на сто километри. Верзија со надворешно полнење на батериите ќе се нуди и во наследникот. Toyota работи и на систем за полнење на батериите без кабел, по пат на индукција.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla не планира сервисен повик по серијата пожари

Новиот Ford Ka ќе биде светски автомобил