за

Новиот Picasso се купува за 19.990 евра

2. CITROEN C4 PICASSO/GRAND C4 PICASSO, продадени примероци 60,827 (-11.3%)

Компактниот ван на Французите започна со продажба на македонскиот пазар. третата генерација на Citroen C4 Picasso почнува од 19.990 евра со бензинецот со 120 КС.

Основната моделска изведба на компактниот ван вози со 1,6-литарски бензинец со 120 КС и почетно ниво на опрема Attraction, во кое што се вклучени мануелен клима уред, радио со команди на волан и дисплеј на допир, темпомат, комфорна електрика за прозорците и ретровизорите, диодни дневни светла и електрична паркирна сопирачка. Со истото ниво на опрема се достапни уште HDi со 92 КС и eHDi со 115 КС, за 21.790, односно 22.790 евра. Послабиот дизел е достапен и во средното ниво на опрема Seduction, каде што за разлика во цената од 1.200 евра следуваат уште автоматика за климата, сензори за бришачи и светла, магленки, преклопливо совозачко седиште и уште неколку комфорни ставки во кабината.

Увозникот го нуди највисокото ниво на опрема Intensive само со дизелот со 115 КС и со микро хибрид, како што Citroen го нарекува унапредениот систем старт стоп. Овој модел чини 26.990 евра и облагороден е со систем за пристап и палење без клуч, паркинг сензори назад со камера, навигација, алу-бандажи од 16 инчи и повеќе ставки за зголемување на практичноста на кабината. Покрај бензинецот со 120 КС и дизелите со 92 и 115 КС, на македонскиот пазар се нуди уште верзија на 1,6-литарскиот бензинец со турбонатполнење и 156 КС, како мотор што е произлезен од соработката со BMW и со цена од 22.990 евра во второто ниво на опрема.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Продажбата во Кина го држи Volkswagen во плус

Мебел со тркачка нота од Porsche