за

Најдобри возила за такси според експертите

Стручниот германски магазин „Taxi heute“ и 50 такси компании ги избраа најдобрите возила за такси служба. Вкупно се тестираа 19 модели од единаесет марки.

Меѓу победниците се најдоа девет модели од осум производители на возила. Експертите ги оценуваа возилата според економичноста, комфорот, функционалноста, и секако, според факторот емоции. Возилата беа поделени во категории на лимузина, комби и компактен и голем ван. Тест-возачите ги оценуваа возилата според вкупно 31 критериум.

Најекономично возило на изборот, во категоријата на лимузини, е Nissan Leaf со погон на струја, додека меѓу вановите најдобар е Opel Zafira Tourer CNG со погон на метан. Во категоријата комфор победија комбито Hyundai i40 cw и ванот Opel Zafira Tourer, додека емоциите најмногу ги поттикнуваат комбито Peugeot 508 RXH Hybrid4 и ванот Toyota Prius+. Со функционалноста најубедливи се Śkoda Superb Combi и Honda CR-V, додека Ford Tourneo Custom е најдобар во класата на големи ванови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест Honda Civic 1.4 и 1.8 i-VTEC · Некрунисаниот крал на компактите

Кабелот го презеде и управувањето