Наследниците на VW Eos, Beetle и Sharan под знак на прашање

Неколку актуелни модели во понудата на Volkswagen веројатно нема да добијат наследник. Пазарот за тие модели е толку ограничен што не се исплатува нивното производство.

Volkswagen планира да стави крај на неколку моделски серии. Шефот Мартин Винтеркорн заклучи дека пазарот за некои од моделите е толку ограничен што воопшто не се исплатува да се вложува во нивен развој и производство. Гласините за новата стратешка определба на Волфсбург почнаа да се слушаат веќе од почетокот на месецов, без конкретно да се наведе за кои модели станува збор.

Под знак на прашање се наследниците на Beetle, на семејниот ван Sharan, како и на скапиот кабриолет со преклоплив метален покрив Eos. Во минатата година Volkswagen продаде само 40.000 примероци од Sharan и одвај 8.000 примероци од Eos. За споредба, Volkswagen Golf само на германскиот пазар лани се продаде во околу 250.000 примероци.

Претходна објаваКризата во Крим им го уништува бизнисот на автопроизводителите
Следна објаваКаква еколошка свест градат автомобилските марки во Македонија?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here