за

Наследниците на фамилијата Пежо се враќаат на производство на мелници за бибер

Наследниците на основачите на Peugeot му се вратија на бизнисот со производство на мелници за бибер откако ја изгубија контролата над автомобилскиот гигант.

Семејниот холдинг Etablissements Peugeot Freres, којшто заедно со другите фирми во рамките на семејството поседува 14 проценти од акциите во PSA Peugeot Citroen, летово го поврати контролниот пакет акции над PSP Peugeot, приватна компанија што се занимава со производство на мелници за бибер уште од 1840 година. Компанијата со околу 150 вработени банкротираше пред две години и по последниве збиднувања, актуелниот шеф Филип Рапаз коментираше: „Компанијата и нејзините вработени не ќе можеа ниту да сонуваат за подобра разрешница. Ова е дел од семејната историја, нивната колевка.
Производите го носат нивното име и семејството Пежо произведува мелници за бибер уште пред да започне со производство на автомобили.“

Холдингот ја презеде контролата над бизнисот со мелници откако компанијата PSA Peugeot Citroen го зголеми капиталот за 3 милијарди евра, со што учеството на фамилијата Пежо се намали од 25,5 на 14,1 проценти, означувајќи го со тоа крајот на владеењето со компанијата што ја основаше нивниот предок Арман Пежо. Во минатата година фабриката за мелници оствари промет од 27 милиони евра, што е неспоредливо со педесетте милијарди евра годишен промет на производителот PSA Peugeot Citroen. Во следните три до четири години во фабриката за мелници ќе се инвестираат 1,5 милион евра и се планира зголемување на продажбата на 2,5 милиони мелници за бибер, од два милиона во минатата година. Меѓу другото, авиопревозникот Air France-KLM го избра PSP Peugeot на тендерот за опремување на првата и на бизнис класата во неговите летови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Сомнежи за заостанати бомби во шефовската зграда на Volkswagen

Лимитирана серија на Ferrari за заминувањето на Монтеземоло