за

Младите Американци не ги сакаат домашните автомобили

Генерацијата Y помалку се решава за американски автомобил отколку постарите генерации. Тоа е заклучокот од студијата на порталот Autotrader.com.

Само 38 проценти од генерацијата Y, наречена и „милениумци“ поради тоа што била на тинејџерски години на преминот во новиот милениум, при изборот на автомобил се води според мотото „Купувај американско“. Наспроти тоа, 60 проценти од постарите генерации повеќе сакаат да седнат во автомобил од домашните марки.

На младата генерација ќе отпаѓаат околу 40 проценти од купувачите во 2020 година. Поради тоа, Изабел Хелмс, директор за пазарно истражување на порталот Autotrader.com, им препорачува на производителите во САД да не го потенцираат толку американското потекло на нивните возила пред младата генерација. Секако дека постојат и исклучоци. Моделите на Ford и General Motors во последните години го имаат повратено пазарниот удел што им го одзедоа јапонските марки.

Студијата го открива и трендот дека помладите купувачи помалку се врзуваат со марката. Само 30 проценти од нив потврдуваат дека нивниот следен автомобил ќе биде од истата марка, додека кај постарите генерации се 50 проценти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW и Toyota ќе соработуваат на наследникот на Z4

Volkswagen го подготвува новиот Golf Plus