Кои автомобили се најбрзи од 0 до 200 km/h?

Спринтот до 100 km/h веќе одамна е детска игра за спортските автомобили. Оваа некогаш звучна граница паѓа по три – четири секунди. Поинтересно е во трката до втората стотка.

Некогаш беше предизвик автомобилите да постигнат темпо 200. Возењето со овие брзини беше специјалност само за тркачите од италијанските или англиските марки. Денес брзината од 200 km/h им е достапна и на автомобилите од секојдневието. Ford Focus со дволитарскиот дизел со 140 КС вози најбрзо 209 километри на час. Но, многу е поинтересно прашањето кои автомобили најбрзо достигнуваат двеста на час од место.

Уште однапред е јасно дека и во оваа трка ќе се вмешаат повторно само избраните марки, Ferrari, Lamborghini, Porsche. Само три автомобили што се наоѓаат во продажба забрзуваат од место до 200 за помалку од десет секунди. Мало и пријатно изненадување е тоа што меѓу најдобрите спринтери има и неколку тешки лимузини кои оставаат зад себе и сериозни спортски билиди.

Германскиот магазин auto motor und sport го објави списокот на најдобрите 20 времиња на забрзување од место до 200 километри на час, измерени на тестовите на магазинот.

Погледнете во следната галерија кои се најдобрите спринтери од 0 до 200 km/h.

Претходна објаваТЕСТ • Ford Focus 1.0 GDTi Trend Sport
Следна објаваПариз воведува забрана за возење поради прекумерно загадување

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here