Највредната алатка за избор на добар користен автомобил, подеднакво вредна и за новите автомобили, штотуку е освежена со последните податоци. Објавен е новиот извештај на ТУВ, со 225 модели и податоци за дефекти добиени од десет милиони автомобили.
Шампионот во издржливост во последниот извештај на ТУВ се вика Mercedes SLK. Експертите на познатото германско здружение за технички преглед откриле најмалку дефекти кај родстерот со сребрена ѕвезда. Тој е победникот во најмладата категорија на возила, стари до три години. Деталниот извештај за сите возила понатаму наведува дека контролорите на ТУВ откриле дефект кај секое трето прегледано возило. Една петина од возилата се вратени од технички преглед поради неисправност.
Во новиот извештај на ТУВ детално се опфатени 225 најзастапени модели на германскиот пазар, со сите нивни предности и недостатоци. Тој се базира на техничките прегледи на повеќе од 10 милиони автомобили, извршени во периодот меѓу јули 2016 и јуни 2017. Од оваа масовна бројка е изработена база на податоци којашто се состои од близу девет милиони одделни извештаи.
Победници и губитници во најновиот извештај на ТУВ
Со индекс 2, што значи дека само кај две од секои сто возила од истиот модел се откриени дефекти кои влијаат врз безбедноста во возењето, Mercedes SLK е најдобар во класата на возила стари до три години. Модел од истата марка се докажува и во категоријата на возила стари меѓу 4 и 5 години, кадешто победник е Mercedes B-Class. Во преостанатите три категории на возила стари меѓу шест и единаесет години има само еден победник. Не изненадува што тоа повторно е Porsche 911.
[tie_slideshow]
[tie_slide]
Секако дека има „победници“ и на спротивниот крај на табелата. По категории на старост, тоа се:
- Kia Sportage (најмногу дефекти во категоријата до 3 години),
- Peugeot 206 (најмногу дефекти во категоријата меѓу 4 и 5 години),
- Chevrolet Aveo (најмногу дефекти во категоријата меѓу 6 и 7 години),
- Chevrolet Matiz (најмногу дефекти во категоријата меѓу 8 и 9 години) и
- Ford Ka и Ford Galaxy (најмногу дефекти во категоријата меѓу 10 и 11 години)
[/tie_slide]
[/tie_slideshow]
Просекот на возила со значителни дефекти, вклучувајќи ги сите старосни категории во извештајот, изнесува 19,9 проценти. Тоа значи дека едно од пет возила има дефекти што ја загрозуваат безбедноста. Во споредба со ланскиот извештај на ТУВ, тоа е незначително зголемување од 0,2 проценти. Кај две третини од сите возила на технички преглед не е утврден дефект. Извештајот покажува постојано подобрување во овој поглед во последните неколку години. Во 2014 година, на пример, бројот на „безгрешни“ возила бил помал за пет процентни поени.
Расте бројот на дефекти кај постарите возила
Но, тоа не е доказ дека возилата стануваат поиздржливи. Огромен е јазот меѓу поновите и постарите возила. Во старосната категорија меѓу 2 и 3 години има само 5,8 проценти возила со значајни дефекти. Тоа е трипати помалку од просекот од сите возила, кој изнесува 19,9 проценти. Наспроти тоа, кај постарите возила прогресивно се зголемува бројот на дефекти. Како што минуваат годините, така сé повеќе расте и бројот на дефекти што влијаат врз безбедноста и врз животната средина. Меѓу возилата постари од 11 години, секое четврто има значајни дефекти. Тоа е само просечната вредност во оваа старосна категорија. Кај моделите што се најрасипливи, стапката на дефекти изнесува дури 40 проценти.
Извештајот на ТУВ се изработува веќе половина век и претставува релевантен показател за техничката состојба на автомобилите, за купувачите и за производителите, како и за политиката. Тоа е мошне корисна алатка при изборот на користено возило. Од друга страна, и производителите ги користат податоците од извештајот, со цел да го подобрат квалитетот на своите возила. Најважното, извештајот е комплетно независен, особено во поглед на влијанието од страна на производителите на автомобили.
Поради обемноста, Automedia.mk ќе ги објавува одделно резултатите од сите категории на старост во извештајот на ТУВ. Нашиот редакциски пристап ви е добро познат: Ништо не останува премолчано, сите резултати се објавуваат. Во првиот дел од серијата објави на резултатите од извештајот ви ги прикажуваме трите најдобро и трите најлошо пласирани модели во одделните старосни категории. Колоната „индекс“ го означува процентот на возила кај коишто е утврден дефект кој влијае врз безбедноста, во втората колона е просечната вредност на километражата кај конкретниот модел. Последната колона визуелно ги отсликува групите во коишто припаѓаат одделните автомобили – зелено за најиздржливите, црвено за најрасипливите.
[tie_slideshow]
[tie_slide]
Категорија на возила стари меѓу 2 и 3 години
Најиздржливите три модели во извештајот на ТУВ
# |
Марка и модел |
Индекс |
x1000 km |
Група |
1 |
Мерцедес СЛК |
2,0 |
30 |
|
2 |
Фолксваген Голф Спортсван |
2,5 |
31 |
|
3 |
Мерцедес Б-класа |
2,6 |
40 |
|
Најрасипливите три модели во извештајот на ТУВ
# |
Марка и модел |
Индекс |
x1000 km |
Група |
125 |
Дачиа Логан |
12,2 |
50 |
|
126 |
Фиат Пунто |
12,3 |
33 |
|
127 |
Киа Спортаж |
12,6 |
42 |
|
[/tie_slide]
[tie_slide]
Категорија на возила стари меѓу 4 и 5 години
Најиздржливите три модели во извештајот на ТУВ
# |
Марка и модел |
Индекс |
x1000 km |
Група |
1 |
Мерцедес Б-класа |
3,9 |
59 |
|
2 |
Порше 911 |
4,5 |
41 |
|
3 |
Мазда Ц-Икс-5 |
4,6 |
62 |
|
Најрасипливите три модели во извештајот на ТУВ
# |
Марка и модел |
Индекс |
x1000 km |
Група |
127 |
Фолксваген Шаран |
18,5 |
97 |
|
128 |
Дачиа Логан |
20,6 |
80 |
|
|
Пежо 206 |
20,6 |
52 |
|
[/tie_slide]
[tie_slide]
Категорија на возила стари меѓу 6 и 7 години
Најиздржливите три модели во извештајот на ТУВ
# |
Марка и модел |
Индекс |
x1000 km |
Група |
1 |
Порше 911 |
6,5 |
54 |
|
2 |
Ауди Ку-5 |
8,1 |
114 |
|
|
Ауди ТТ |
8,1 |
76 |
|
Најрасипливите три модели во извештајот на ТУВ
# |
Марка и модел |
Индекс |
x1000 km |
Група |
115 |
Дачиа Логан |
27,9 |
99 |
|
116 |
Ситроен Ц4 |
28,2 |
86 |
|
117 |
Шевроле Авео |
29,3 |
74 |
|
[/tie_slide]
[tie_slide]
Категорија на возила стари меѓу 8 и 9 години
Најиздржливите три модели во извештајот на ТУВ
# |
Марка и модел |
Индекс |
x1000 km |
Група |
1 |
Порше 911 |
10,6 |
64 |
|
2 |
Фолксваген Голф Плус |
11,5 |
99 |
|
3 |
Ауди ТТ |
12,6 |
96 |
|
Најрасипливите три модели во извештајот на ТУВ
# |
Марка и модел |
Индекс |
x1000 km |
Група |
105 |
Дачиа Логан |
32,0 |
125 |
|
106 |
Шевроле Авео |
32,5 |
88 |
|
107 |
Шевроле Матиз |
35,8 |
79 |
|
[/tie_slide]
[tie_slide]
Категорија на возила стари меѓу 10 и 11 години
Најиздржливите три модели во извештајот на ТУВ
# |
Марка и модел |
Индекс |
x1000 km |
Група |
1 |
Порше 911 |
12,2 |
75 |
|
2 |
Тојота Корола Версо |
15,3 |
135 |
|
3 |
Мазда 2 |
16,3 |
97 |
|
Најрасипливите три модели во извештајот на ТУВ
# |
Марка и модел |
Индекс |
x1000 km |
Група |
91 |
Рено Меган |
36,2 |
134 |
|
92 |
Форд Ка |
36,9 |
86 |
|
93 |
Форд Галакси |
36,9 |
170 |
|
[/tie_slide]
[/tie_slideshow]