за

Европа на педали: Велосипедите ги победија автомобилите

Во повеќето земји во ЕУ во последно време се продаваат повеќе велосипеди отколку автомобили. Дури и најголемите авто пазари се префрлија на жичаните магариња.

Пазарот на автомобили е во мирување, продажбата на велосипеди цвета. Низ цела ЕУ моментно се продаваат повеќе велосипеди отколку автомобили. За прв пат откако почнаа да се водат статистиките, шпанскиот пазар за велосипеди е поголем од автомобилскиот.

Во минатата година во Шпанија биле продадени околу 700.000 автомобили, наспроти 780.000 велосипеди. Во автомобилската земја Италија за прв пат по втората светска војна возењето на педали е пред возењето автомобил. Соодносот во продажбата е 1,6 милион наспроти 1,4 милион – во корист на велосипедите.

Во другите држави, особено на Југот и Истокот, велосипедите ја зголемуваат предноста пред автомобилот. Во Грција се продале 320.000 велосипеди, а само 58.000 возила, во Романија соодносот е 380.000 наспроти 72.000. Но, дури и во Германија велосипедот го презема водството. Во 2012 година, во земјата се продале 3,96 милиони велосипеди, а 3,08 милиони автомобили.

Огромниот пораст во продажбата на велосипедите се објаснува со тоа што во текот на финансиската криза, возачите на автомобили во некои држави во ЕУ се префрлиле на велосипед, поради заштеда. Економски помоќните држави не се исклучок. Веќе со месеци таму опаѓа продажбата на автомобили, додека продажбата на велосипеди расте.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Српска работа: Штрајк во фабриката на Fiat во Крагујевац

Lexus ќе претстави ново купе на салонот во Токио