Дизел-скандалот им носи на адвокатите 500 долари од час

дизел-скандалот-адвокати-volkswagen

Американските адвокати заработуваат одлично од дизел-скандалот. Судијата Чарлс Брејер досега им префрлил 300 милиони долари на адвокатите. Тоа е заработка од 500 долари за еден час работа.

Судскиот процес против Volkswagen во САД, во когошто германскиот концерн плаќа отштета во висина од неколку милијарди долари, очигледно им носи одлични заработки и на адвокатите. Американскиот судија Чарлс Брејер, надлежен за мамутскиот правен спор, во петокот издал одобрение на адвокатите да им се префрлат 125 милиони долари. Тоа е сумата којашто адвокатите ја добиваат за правното застапување на околу 88.500 сопственици на возила од концернот Volkswagen со трилитарски дизел мотор. Volkswagen во овие мотори вградувал специјален софтвер за лажирање на емисијата на азотните оксиди.

Адвокатите досега заработиле 300 милиони долари од дизел-скандалот

Во претходниот спор, Брејер им префрил на адвокатите 175 милиони долари за тужбите за околу половина милион модели со дволитарските дизел мотори. Тоа значи дека на сметкита на адвокатите досега се префрлени 300 милиони долари. Во просек, за еден час адвокатска работа во процесите против Volkswagen биле наплатувани по 529 долари.

Изборот на носечката фотографија секако нема цел да асоцира дека САД е „земја на ајкулите“ за Volkswagen. Американскиот огранок на концернот шест години наназад ја спонзорира Неделата на ајкулите на каналот Дискавери.

Претходна објаваFerrari F40: Три децении од последниот автомобил на Енцо
Следна објаваBugatti Chiron е последниот хиперавтомобил со класичен погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here