за

Грчката даночна управа ги чешла германските автомобилски марки

Даночните власти во Грција поведоа истрага за даночна измама против Mercedes, BMW и Opel. Грчките дилери ја добивале новата класа S на Mercedes по цена од 22.135 евра.

Грчките даночни инспектори започнаа истрага за даночно затајување против Daimler, BMW и Opel. Причина за истрагата се исклучително ниските фактурни цени, по кои што германските претпријатија ги дистрибуирале своите возила во продажната мрежа во Грција. Овие цени се основа за цела низа даноци. Колку цените се пониски, толку се пониски и приходите на државата, почнувајќи од данокот на додадена вредност, преку давачките за регистрација, до акцизите. Продажбата на нови возила во Грција бележи драстичен пад од почетокот на финансиската и економска криза. Во оваа година во земјата се продадени само 55.000 нови возила, додека во 2007 година, оваа бројка достигна близу 280.000 возила.

Според пишувањата на грчките медиуми, Mercedes му ја фактурирал класата S на грчкиот увозник по 22.135 евра. Продажната цена на овој модел е четирипати повисока. Ниските фактурни цени им овозможуваат на дилерите да понудат исклучително високи попусти за купувачите, односно имаат за цел да ја поттикнат замрената продажба.

Германските претпријатија реагираа со тврдење дека фактурните цени се базираат на меѓународните даночни стандарди и се во согласност со регулативата на OECD и европското право.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda произведе рекорден број возила во ноември

Најголемите моделски погодоци и утки во 2013 година