за

Во Холандија се враќа во живот Mini од 1959 година

Вработени во фабриката Nedcar започнаа со реставрација на еден од првите Mini што се произведени во Холандија. Се работи за еден од најстарите примероци на култниот модел, произведен во 1959 година во Холандија.

Пет вработени во фабриката Nedcar во Холандија започнаа со реставрација на примерок од Mini кој е произведен во 1959 година во фабриката Моленар во градот Амерсфорт. Тимот е избран од 1.500 вработени во Nedcar, односно во фабриката каде што наскоро ќе се произведуваат актуелните модели на Mini. Моментно се во тек подготовки за од втората половина на 2014 година да отпочне лиценцното производство на модели на Mini. Со тоа, Mini ќе биде единствената автомобилска марка која што се произведува во серија во Холандија.

По вторпат во историјата култниот британски автомобил ќе се произведува во Холандија. Во периодот од почетокот на продажбата во 1959 година до 1966 година, увозникот Ј.Ј. Моленар во Амерсфорт произведе 4.000 примероци од Mini. Возилото што сега ќе се реставрира е еден од овие примероци.

Во тимот влегуваат автолимар, заварувач, лакер, специјалист за мотори, и секако, шеф на проектот. Се очекува реставрацијата на историскиот примерок на Mini да трае до крајот на годинава, во истата фабрика во која што догодина ќе почне сериското производство на актуелните модели на Mini: Секој чекор од процесот на реставрација може да се следи детално на страницата на Mini Nertherlands на Facebook.

[nggallery id=42]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda го победи Mercedes во споредбен тест на Auto Bild

Buick што се бореше против армијата на Хитлер