Производители на автомобили и телекомуникациски гиганти преговараат околу примената на 5G во возилата. За роботските автомобили и нивното вмрежување да функционираат, потребно е во возилата да се вгради „само уште малку“ технологија. Принципот, наполни гориво и вози, наскоро станува сеќавање од минатото.
Автомобилската асоцијација 5G или кусо 5GAA, во којашто членуваат производители на автомобили и компании од телекомуникацијата, веќе наголемо расправа околу мерките што треба да се преземат, за Европа да добие вмрежено и автоматизирано возење преку 5G. Обата сектора се договараат како најдобро да ја комерцијализираат технологијата vehicle-to-everything (или C-V2X). Таа ќе овозможи автомобилите да комуницираат со останатите вмрежени уреди преку мобилната телефонија. Што се однесува до индустријата, таа добива уште едно поле коешто носи големи профити.
„Потрошувачката маса“ треба да загризе дека технологијата C-V2X носи подобрување на безбедноста и на сообраќајниот тек. Како алиби, во ЕУ ќе се заштедат неколку милијарди евра, коишто секоја година произлегуваат како трошок од сообраќајните незгоди и застоите.
Извадок од соопштението за печат:
„Социоекономската корист од примената на системи C-ITS во Европа може да достигне 43 милијарди евра во 2035 година, доколку се овозможи C-V2X, како и WLAN–стандардот IEEE 802.11p, да го користат подрачјето од 5,9 GHz. Покрај тоа, 5GAA претстави студија во којашто се оценуваат придобивките на LTE-V2X (PC-5) и IEEE 802.11p во поглед на безбедноста на патиштата во ЕУ, и според којашто LTE-V2X е подобра во насока на намалување на бројот на загинати и тешко повредени лица, отколку 802.11p.“
Меѓу компаниите што членуваат во 5GAA се Huawei, Vodafone, BMW, Daimler и Ericsson. Последен пат кога производителите на автомобили се договараа, произлезе дизел-аферата. Кусо, во системите за пречистување се вградувале помали и поедноставни компоненти, заради заштеда, а ефикасноста на системот се дотерувала со примена на софтвер, кој „произведувал“ чиста емисија при хомологирањето на возилата.
















