Мерцедес-Бенц Карс му го довери врвот во прославата на 140 години од првиот автомобил во светот на Мерцедес-АМГ ГТ СУВ. Тоа е втор модел што ја користи во моментов најнапредната техника на електричен погон на планетава, по АМГ ГТ Купе со 4 врати. Бројките: 1.169 КС, спринт за 2,5 секунди до темпо сто и 6,8 секунди до темпо двесте.
Мерцедес-АМГ првпат во својата 59-годишна историја конструираше сопствен СУВ од виша класа. ГТ СУВ е втор модел што ја користи платформата АМГ.ЕА, наменета за моделите на спортската марка со врвни перформанси, развиена само за електричен погон.
Тоа што прави ГТ СУВ да биде АМГ е ниското седење како во спортски автомобил, ниското тежиште што ѝ годи на стабилноста, и силуетата што е поблиску до спортски автомобил отколку до СУВ-грамада.
За да се надомести за дополнителната тежина од батеријата за електричниот погон, на многу места е користена лесна конструкција. Врвната изведба на Мерцедес-АМГ ГТ СУВ доаѓа со три електромотори со аксијален флукс, со сосем различна конструкција од радијалните електромотори и со предностите што таа ги носи. Тоа е истата погонска конфигурација како во неодамна претставениот АМГ ГТ Купе со 4 врати.
Посебноста во погонот е во директното ладење на батеријата, што овозможува долготрајно возење со високи брзини, како и брзо полнење на батеријата, со моќност до 710 киловати – за споредба, обичните полначи постигнуваат 22 киловати.
За подвозјето да биде дораснато за СУВ со следното ниво на врвни перформанси и со различната тежинска распределба од електричниот погон, инженерите развија нов АМГ Актив Рајд Конртол+. Тој спречува наведнување напред и назад при забрзување и сопирање, како и странично наведнување, но притоа задржува и комфор за патниците.
Со возни својства и перформанси како на најдобар спортски автомобил, на АМГ ГТ СУВ би му недостигал само уште звук на Ве-8, но и тоа на недостига. Посебна програма произведува звук како да се вози АМГ со осумцилиндарец.

Може да се избира меѓу три погонски изведби:
- Мерцедес-АМГ ГТ 63 СУВ
- Мерцедес-АМГ ГТ 55 СУВ
- Мерцедес-АМГ ГТ 53 СУВ
Прва почнува со продажба изведбата ГТ 53 СУВ, со цена од 113.050 евра во Германија, а најсилните модели ќе следат напролет.
“На нашите клиентки и клиенти, со Мерцедес-АМГ ГТ СУВ им нудиме возило, што првпат на единствен начин соединува два света: рационални предности на СУВ со полна големина и врв во просторност, комфор и припособливост, со емотивен карактер на спортски автомобил како вистински АМГ. Кажано кусо: СУВ по форма, ГТ по природа”
Штефан Векбах, директор на Мерцедес-АМГ ГмбХ
Клучните својства на Мерцедес-АМГ ГТ СУВ
- Врвниот модел располага со 1.169 КС и 2.000 њунтметри од три електромотори со аксијален флукс. Во основниот модел работат два асинрони електромотори со системски 544 КС. Сите изведби користат приспособлив погон на сите тркала АМГ 4Матик+.
- Спринтот на ГТ 63 СУВ до темпо сто трае 2,5 секунди, до темпо 200 км/ч доаѓа за 6,8 секунди. Крјаната брзина е ограничена на 270 км/ч.
- Со 800-волтна мрежа, тркалезни батериски ќелии со директно ладење, висока енергетска густина и интелигентно ладење и греење, АМГ ГТ СУВ може долго да вози со висока динамика.
- Со батерија од 106 кВч нето, ГТ СУВ полни со 600 киловати и за десет минути обезбедува енергија за 380 километри пат. Батеријата од 128 кВч постигнува 710 киловати и за десет минути доаѓа до 450 километри.
- Ново подвозје АМГ Актив Рајд Контрол+ е активно подвозје што спречува стреанично и надолжно наведнување, и може во еден момент да постигне и врвна стабилност и возни својства за возачко уживање, а во друг момент да „плови“ мазно како брод.
- АМГ Форс Спорт+ е возна програма за врвно искористување на перформансите. Се произведува звук што е верен на мотор Ве-8 на АМГ или шестцилиндарец на АМГ, со симулирано менување степени, „трееачи“ во седиштата и соодветна графика во екраните.
- АМГ Рејс Енџинир овозможува нагодување на возните својства по личен вкус. Со три вртливи прекинувачи се мести чувствителноста на погонот, возната динамика во свијоци и контролата на пролизгувањето на тркалата.
- Интелигетен систем Аерокинетикс: До 150 километри на час, системот е нагоден да произведува колку е можно помал отпор на воздух, главно со тоа што ги затвора каналите за ладење. Над тоа, активниот кровниот сппојлер го нагласува спортскиот карактер на возилото и произведува дополнителен притисок, во корист на стабилноста и тракцијата.















