Киа ЕВ5 е најпродаван електричен фургон во Европа

Киа соопшти дека ПВ5 е најпродаван фургон со електричен погон со средна големина на европскиот пазар, во првото полугодие.

Киа ПВ5 држи преку една третина од пазарот на доставни возила од средна класа во Европа со електричен погон

Новото име на врвот на продажбата на доставни возила со средна големина на пазарот во Европа во првото полугодие, не е ниту Форд Транзит или Ивеко Дејли, туку е Киа ЕВ5. Мала, но важна напомена: Корејскиот ван е прв во продажбата на електрични возила во тој сегмент, каде што и спомнатите традиционални имиња продаваат електрични изведби од своите модели, но Киа пак е пред нив.

Овој успех дојде неочекувано брзо, но сигурно не и за менаџерите на Киа, кои со големи очекувања го пуштија ПВ5 на пазарот каде што владее жестока битка. Според европското здружение на производители на возила АЦЕА, уделот што електричните ванови го постигнале на пазарот во Европа во првите шест месеци од 2026 година изнесува 13,9 проценти, наспроти уделот од 10,2 проценти во истиот периодлани. Нивната продажба пораснала за 37 проценти.

Електричниот ПВ5, што во почетокот на летово беше на тестирање во Аутомедиа (погледни линк до видеото во завршетокот на објавава), од јануари до јуни е продаден во 13.116 примероци. Тоа ѝ донесе на Киа наслов на најпродаван ван во средната класа во Европа.

Достапна во изведби Карго (товарна), Пасенџер (патничка) и Шаси Кеб (за надградба), Киа ПВ5 освоила 37 проценти од вкупната продажба на ванови со електричен погон во Ц-сегментот во Европа.

Киа наведува дека „петката“ ѝ е најпродаван модел во овој сегмент во 12 држави, меѓу кои Гермаија со 2.206 возила и Обединетото Кралство со 3.361 возила. ПВ5 е најпродавана и кога се бројат сите видови погон, во Данска (1.222 возила), Холандија (1.196 возила), Норвешка (739 возиола) и Шведска (1.414 возила).

Сјорд Книпинг, оперативен директор на Киа Европа, вели дека „одговорот од клиентите за воведувањето на ПВ5 во Европа е одушевувачки, не само во поглед на бројот на продадени возила, туку и во начинот на којшто ПВ5 додава нова вредност преку мобилноста, користењето за бизнис и специјализираниот транспорт“.

Директорот понатаму наведува дека Киа ПВ5 не е само возило, туку е „целосно интегриран екосистем, што соединува софтвер, услуги, поседување и флексибилност, со поддршка од наменска сервисна мрежа.“

Киа ПВ5 за разлика од конурентите, развиена е само во електрична изведба, нема дизел, нема друго.

Тоа што најмногу ги одушевило клиентите е кусиот круг на вртење што е спас за градска средина, нискиот под за товарење и модуларната градба на каросеријата што дозволува едноставни и евтини поправки.

ПВ5 во пет држави има запоседнато преку 50 проценти од пазариот на електрични ванови од Ц-сегментот:

  • Данска 63 проценти
  • Ирска 62 проценти
  • Шведска 59 проценти
  • Финска 58 проценти
  • Обединето Кралство 54 проценти

и над 20% удел на други 14 пазари.

Секако е важен и насловот на Светски ван на 2026 година, што стручното жири ѝ го додели на Киа ПВ5. Покрај тоа, Би-Би-Си Топгир.ком ја прогласи ПВ5 за Семеен автомобил на годината.

Киа изгради посебна и многу скапа фабрика за своите ПВ-доставни возила. В година доаѓа ПВ7, а вп 2029 следи ПВ9, со што ќе се заокружи планот, за да се понудат преку 40 најразлични каросериски изведби, за сите бизниси и намени, вклучувајќи дури и возило за кампување.

Претходна објаваТоп Гир се враќа на Би-Би-Си, големи имиња се спомнуваат како водители
Следна објаваШкода, Фолксваген и Рено се пробиваат со електричните модели додека Тeсла забавува

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here