Лавот со двојна грпка се подосвежи за новата сезона

4. PEUGEOT RCZ, продадени примероци 2,476 (-27.1%)

Koга Французите го пуштија во продажба спортското купе RCZ пред три години, експертите беа со различни ставови. Сите ги пофалија впечатливиот изглед и способното подвозје, но многумина сметаа дека таков автомобил не одговара за традиционалните купувачи на Peugeot и дека тие ќе мораат да се привикнат на концептот на возилото, настрана од фактот што ознаката на моделот за прв пат не содржеше нула или две нули. Но, продажните резултати потврдија дека стратезите на Peugeot се во право.

Новиот нос прави RCZ да изгледа покомпактно

Купето заслужи моделско освежување, но прашањето беше како да се изведе тоа, како да се направи подобар RCZ? Сигурно не лесно. Промените во изгледот на каросеријата се минимални. Најголемите промени се во предниот браник и во ксенонските светла, кои сега сериски поседуваат дневни диодни светла. Препознатливите белези, како двојното испапчување во покривот и во задното стакло, алуминиуските лакови отстрана и малиот преклоп на боковите, останаа непроменети. Тоа што се доби е елегантна, а во исто време и мускулеста линија со погодени пропорции.

Препознатливите каросериски детали, како двојната грпка во покривот и задното стакло, и алуминиумските лакови отстрана, останаа непроменети
Препознатливите каросериски детали, како двојната грпка во покривот и задното стакло, и алуминиумските лакови отстрана, останаа непроменети

Под хаубата работат истите мотори. Понудата се состои од 1,6 литарски бензинец во верзии со 156 КС и 200 КС, како и дизел 2.0 HDI со 163 КС. Најбрзиот RCZ постигнува темпо 100 за 7,5 секунди и крајна брзина од 235 km/h. Тоа се бројки вредни за фалење. И автомобилот не пропушта да се пофали. Над темпо 80 се подигнува задниот спојлер во два степена, за да произведе повеќе притисок на задната оска.

Збогатено е нивото на сериска опрема и има нови ставки на списокот на дополнителна опрема, за индивидуалистите да стават уште посилен печат на нивното купе
Збогатено е нивото на сериска опрема и има нови ставки на списокот на дополнителна опрема, за индивидуалистите да стават уште посилен печат на нивното купе

Новото моделско годиште на RCZ има збогатен обем на сериска опрема, вклучувајќи сензор за светла и дожд, но и неколку новитети во дополнителната опрема, кои се нудат за прв пат во купето. Купувачите можат да стават посебен печат со серијата Блек-Пек, со каросериски детали лакирани во сјаен црн лак. Палетата на бои на каросеријата вклучува две нови бои, два нови дизајни на бандажи од 19 инчи, како и комбинација од алкантара и кожа на седиштата.

Претходна објаваOpel ја прошири моделската понуда на бестселерот Mokka
Следна објаваВреме е да светне лакот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here