На неполн месец од премиерата во Париз, Hyundai ги објави фотографиите од новиот i20. Целта на дизајнерскиот тим беше да се постигне ентериер што ќе оддава впечаток за висок квалитет.
Hyundai ги објави првите фотографии од новата генерација на i20. Ентериерот на комплетно новиот модел е изведен во повеќе бои и според тврдењата на инженерите на корејската марка нуди комфор и просторност. Во кокпитот се користат модерни комбинации од бои, коишто оддаваат чувство на комфор и релаксираност. Целта на дизајнерскиот тим беше да се постигне чувство во кабината коешто верно ќе го оддава високиот квалитет на изработка.
На повеќето површини во внатрешноста, меѓу другото на таблата со инструменти и во внатрешните облоги во вратите се користи термопластичен олефин. Станува збор за мек и долготраен материјал, којшто и при подолга експлоатација го задржува пријатното чувство при допир и соодветствува на квалитетната изработка на внатрешноста. Покрај тоа, Hyundai за прв пат користи и површини што се премачкани со т.н. клавирски лак, којшто во комбинација со хромираните детали дополнително го подигнува чувството за квалитет. Тоа се воочува во отворите за проветрување, на рачката на менувачот, на копчето старт-стоп, како и на копчињата за клима уредот и радиото.
















