Audi ќе произведе 1,7 милион возила до крајот на годинава

Audi и другите премиум производители се под притисок од кинеската влада заради превисоки цени на резервните делови

Проблемите на големите пазари како Русија и Кина нема да ги попречат плановите на Audi продукцијата на возила од премиум марката во оваа година да се зголеми на 1,7 милион возила.

Шефот на Audi, Руперт Штадлер, за првпат излезе со конкретни очекувања за продажбата во оваа година. Од премиум марката до крајот на 2014 година ќе се продадат преку 1,7 милион возила, што ќе претставува зголемување од 8,3 проценти во споредба со лани. Марката од Инголштат уште претходно ја најави својата цел за зголемување на продажбата на преку два милиона возила до 2020 година.

Најголем извозен пазар за Audi е Кина, каде што марката со четирите прстени во првите седум месеци од годинава продаде 317.000 возила, односно 17,4% повеќе од лани. Моментно кинеската влада врши притисок врз европските марки, вклучувајќи го и Audi, со обвинување дека прескапо ги продаваат резервните делови за автомобилите на кинескиот пазар. Audi се согласи да плати отштета, којашто се очекува да изнесува околу 30 милиони евра.

Претходна објаваЕлектричниот Golf се подготвува за полициска кариера
Следна објаваНовиот Renault Trafic во римејкот на „Knight Rider“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here