Првото Мајбах Ателје на луксузната марка на Мерцедес-Бенц во Европа е отворено во Варшава, со цел клиентите да можат непосредно да го почувствуваат и доживеат луксузот на марката.
Во срцето на полската престолнина, во Нови Свијат, се наоѓа првото Мајбах Ателје во Европа. Тоа е новиот пристап на луксузната марка, со цел на клиентите да им се долови марката и да им се помогне при изборот на опциите за својот скапоцен крстосувач.
Нови Свијат се цени како дом на луксузот во Полска и ја нуди вистинската средина за Мерцедес-Мајбах. Ателјето располага со површина од 500 метри квадратни и посветено е исклучиво на Мајбах, АМГ и Г-Класа. Намерата на Штутгарт е преку ателјеата да им се претстави уметноста на рачната изработка, подготвеноста да се излезе во пресрет на сите барања на клиентите, и преку дигитализација да се поедностават конфигурирањето и нарачката на возилото.
Самиот простор на ателјето е изведен со избрани материјали, во којшто ексклузивните модели на Мерцедес-Мајбах се покажуваат во полно светло. Клучен дел од концептот се експертите на марката, кои во приватно опкружување ги советуваат клиентите.
Посебен дел е ателјето е Мануфактур Лаунџ, каде што се избираат ставки од безграничниот избор на опции на Мајбах, воедно простор каде што клиентите избираат и нарачуваат изведување на детали по лична желба, што не се дел од стандардната понуда на Мајбах.
На отворањето на Ателјето присуствуваа јавни личности, клиенти, медиумски претставници и избрани гости од светот на економијата, културата и животниот стил.
Луксузниот простор е замислен и како културна точка, во којашто се соединуваат автомобилски теми со уметноста, со модата, бизнисот и отмениот животен стил.
Првото Мајбах Ателје беше отворено во 2022 година во Шангај.
















