Електричните скутери станаа барана стока, специјалистите откриваат богата понуда

Електричните скутери го доживуваат своето будење, во време кога возењето автомобил со обичен погон во град станува сé поскапо, па згора и бесмислено, покрај постојаниот метеж.

Скутерот со симпатично име Пуса е многу честа глетка низ Грција

Во речникот на поезијата, на електричните скутери им се случува пролет. За одвај триесетина денови, сосем е сменето гледиштето на електричниот погон воопшто, а посебно кај електричните скутери. Еден продажен салон што Аутомедиа го посети деновиве, открива дека на македонскaта сцена веќе постои богата понуда на скутери на струја.

Електричните скутери имаат предност пред сите останати видови на електрификација. А, тоа е најважната предност што ја очекуваат корисниците. Скутерите што возат на струја и полнат батерија на обичен домашен приклучок, се најдостапниот вид на електрифицирано возило. Но, тоа не е возило што ќе се користи повремено, преку викенд или сезонски, туку е секојдневен превоз.

Затоа и не чуди што во изминативе триесетина денови, светот одеднаш гледа многу поразлично на електромобилноста. Што нуди пазарот, проверивме во еден салон, покрај којшто многумина одминувале досега, а се наоѓа на една од веројатно најистакнатите локации низ Скопје. Салонот е на компанијата АВЦ СМ, лоциран веднаш спроти гимназијата Нова, на улица Прашка, во населбата Тафталиџе 1, или најлесно, спроти студентскиот дом Гоце Делчев.

АВЦ-СМ не се нови во бизнисот, постојат преку 20 години и меѓу другото се специјализирани за електрични возила, токму за скутери. И скутерите што ги застапуваат, далеку се од непознати или недокажани. Тие што почесто патуваат во Грција или таму минуваат летен одмор, сигурно ги имаат забележано електричните скутери со симпатично име Пуса. Како што кажуваат во АВЦ-СМ, илјадници вакви скутери се продаваат годишно на југот.

Пуса е еден од четирите модели од производителот Е-Фан, што се достапни во салонот, и посебно е популарен поради тоа што има стил сличен со италијанска Веспа. Моторот располага со моќност од 2 киловати, со којшто Пуса постигнува брзина ограничена на 55 километри на час. Батеријата е од гигантот КАТЛ, којшто снабдува преку половина од производителите на електрични автомобили ширум светот.

Во речникот на поезијата, на електричните им скутери се случува пролет. За одвај триесетина денови, сосем е сменето гледиштето на електричниот погон воопшто, а посебно кај електричните скутери. Еден продажен салон што Аутомедиа го посети деновиве, открива дека на македонската сцена веќе постои богата понуда на скутери на струја.

Електричните скутери имаат предност пред сите останати видови на електрификација. А, тоа е најважната предност што ја очекуваат корисниците. Скутерите што возат на струја и полнат батерија на обичен домашен приклучок, се најдостапниот вид на електрифицирано возило. Но, тоа не е возило што ќе се користи повремено, преку викенд или сезонски, туку е секојдневен превоз.

Затоа и не чуди што во изминативе триесетина денови, светот одеднаш гледа многу поразлично на електромобилноста. Што нуди пазарот, проверивме во еден салон, покрај којшто многумина одминувале досега, а се наоѓа на една од веројатно најистакнатите локации низ Скопје. Салонот е на компанијата АВЦ СМ, лоциран веднаш спроти гимназијата Нова, на улица Прашка, во населбата Тафталиџе 1, или најлесно, спроти студентскиот дом Гоце Делчев.

АВЦ-СМ не се нови во бизнисот, постојат преку 20 години и меѓу другото се специјализирани за електрични возила, токму за скутери. И скутерите што ги застапуваат, далеку се од непознати или недокажани. Тие што почесто патуваат во Грција или таму минуваат летен одмор, сигурно ги имаат забележано електричните скутери со симпатично име Пуса. Како што кажуваат во АВЦ-СМ, илјадници вакви скутери се продаваат годишно на југот.

Многу е полесно да се реши околу изборот на електричен погон, кога станува збор за скутер

Пуса е еден од четирите модели од производителот Е-Фан, што се достапни во салонот, и посебно е популарен поради тоа што има стил сличен со италијанска Веспа. Моторот располага со моќност од 2 киловати, со којшто Пуса постигнува брзина ограничена на 55 километри на час. Батеријата е од гигантот КАТЛ, којшто снабдува преку половина од производителите на електрични автомобили шисум светот.

Капацитетот е 50 амперчасови и батеријата работи под напон од 48 волти, што во „стандардна мера“ изнесува 2,4 киловатчасови. За споредба, класичните хибриди на Тојота, располагаат со одвај половина од тој капацитет. Според производителот, досегот се движи меѓу 70 и 90 километри. Полнењето трае 6 часови до 100 проценти. Како и кај секоја батерија, наполнетост од 80% се постигнува многу побрзо. Тоа што понатаму ги засега купувачите, секако е гаранцијата: 4 години или 40.000 километри за батеријата, 1 година за компонентите на скутерот. Цената на Пуса е 2.400 евра + 18% ДДВ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Слична цена има Липо-Д, со истата техника, но со посовремен изглед. Тој е подостапна изведба од Липо, којшто доаѓа со електромотор од 3 киловати, но и батерија од 50 Амперчасови и напон од 72 волти, што значи дека каацитетот е 3,6 киловатчасови. Соодветно на тоа, крајната брзина е 65 километри на час, но и досегот е значително подолг, со 110 до 130 километри. Полнењето исто така трае 6 часови до 100 проценти. Овој модел на Е-Фан чини 2.870 евра, плус 18% ДДВ.

За големи моторџии, што ќе се пуштат и на подолг пат, на располагање е најпретставителниот модел во понудата, Тајгер, што исто така се нуди во неколку изведби на моќност. Во верзијата со мотор од 5 киловати и батерија од 3,6 киловатчасови, Тајгер постигнува досег меѓу 100 и 120 километри, и брзина до 100 км/ч. Хидраулични диск сопирачки и АБС се стандард кај сите модели на Е-Фан. Цената на овој Тајгер е 313.860 денари, со вклучен ДДВ.

Има уште еден Тајгер, двојно посилен, со мотор од 10 кВ и батерија од 7,2 киловатчасови. Во тој случај, досегот се движи меѓу 200 и 230 километри, а брзината е околу 130 км/ч. За овој луксуз, треба да се смета на 452.910 денари, исто така со вклучен ДДВ. Полнењето исто така се скусува на 4 часови.

Сите модели на скутери на Е-Фан располагаат со отстранлива батерија, односно таа се извлекува едноставно од просторот под седиштето, и се носи до најблиската приклучна кутија за струја. Кај поголемите модели, секако треба да се смета и на „машка работа“, затоа што батеријата е тешка околу петнаесетина килограми. Останува и простор за багаж, а секако и можност за одлагање во задниот куфер.

Покрај моделите на Е-Фан, АВЦ-СМ нуди и модели од марката Таилг, коишто имаат различен стил и техника, а со цените што почнуваат од 88.660 денари и со перформансите го пополнуваат просторот под моделите на Е-Фан и веројатно се попривлечни за службите за достава на пратка, што располагаат со големи возни паркови од електрични скутери.

Претходна објаваВо март продадени над 70.000 електрични автомобили во Германија
Следна објаваБМВ ги поштедува рачните менувачи од изумирање

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here