Мерцедес-Бенц го произведе 5-милионитиот автомобил во САД, корените фаќаат уште во 1888 година

Мерцедес-Бенц неодамна одржа голема свеченост во фабриката во Алабама, во чест на 5-милионитото возило, каде што се произведуваат ГЛЕ, ГЛС, а наскоро и ГЛЦ.

Најстариот производител на автомобили во светот одбележува 140 години откако Карл Бенц му го даде на светот првото возило задвижувано од мотор, од којашто започнува целата историја Мерцедес-Бенц и на автомобилизмот. По тој повод, масовно се обновува понудата од модели, вклучувајќи ги сегашните фејслифти на ГЛЕ и ГЛС.

Јавувањето за 5-милионитото возило што е произведено во фабриката на Мерцедес-Бенц во близина на Таскалуза, во сојузната држава Аламаба, САД, доаѓа во пакет со фејслифтите на ГЛЕ и ГЛС, што се произведуваат таму, но и со најава за вклучување на ГЛЦ во портфолиото и со почеток на инвестиција во висина од преку 7 милијарди долари.

Мерцедес-Бенц произведува возила уште од 1886 година, а во САД е присутен од 1888 година. Тоа долго присуство ја објаснува посветеноста на германскиот производител кон својот втор најголем пазар.

Производството на ГЛЕ, тогашна М-Класа, а подоцна и МЛ, во Аламаба, започна пред близу 30 години. Втората моделска серија од фабриката во САД е ГЛС, којшто со право се води како С-класа меѓу СУВ-возилата. Двата модели, вклучувајќи ги купе изведбата од ГЛЕ и верзиите од АМГ, беа претставени неодамна на голема свеченост во фабриката.

Мерцедес-Бенц денес има посебни седишта на компанијата во 13 сојузни држави во САД.

„Американ Мерцедес“ од 1905 година, од локална монтажа во Дајмлер Мотор Компани, што Готлиб Дајмлер ја основаше со Вилијам Стајнвеј, со седиште на Лонг Ајленд

Трите „светски“ С-Класи дојдоа на прославата во Алабама

Дел од целогодишната прослава се трите С-Класи што се на мисија да посетат 140 места ширум светот, што се од историско значење, и за марката и за автомобилизмот воопшто. На нивниот пат околу светот, тие посебно се довезоа до фабриката во Алабама.

Корените на компанијата почнуваат да се пуштаат во САД веќе во втората година откако Карл Бенц ја патентираше својата „Моторкутче“. Тоа е заслуга на Готлиб Дајмлер, кој заедно со производителот на клавири Вилијам Стајнвеј ја основа Дајмлер Мотор Компани, со седиште на Лонг Ајленд, Њујорк.

Во 1905 година започнува локална монтажа на Мерцедес-Бенц. Во раните денови, мотоспортот е најделотворната реклама за автомобилските марки. Барни Олдфилдс во својот Брицен Бенц поставува брзински рекорд на Дајтона Бич. Холивудската елита почнува да се интересира повеќе за германската марка.

Идејата за 300 СЛ Галвинг потекнува од САД

Зголемената побарувачка води кон тоа да се почне со организиран и масовен увоз, што е дело на Макс Хофман. Тој меѓу другото има удел и во развојот на прочуениот 300 СЛ Галвинг, што својата премиера ја доживеа на Интернационалниот Мотор Спортс Шоу во Њујорк Сити во 1954 година.

Тоа понатаму прераснува во огранок на самата компанија, Во 1965 година е основана Мерцедес-Бенц УСА. По 50 години работа во Монтвејл, Њу Џерси, МБУСА во 2015 година се преселува во Атланта, Џорџија, за во 2018 година да се вдоми во нова и наменски изградена централа, со име 1МБ, во Сенди Спринс, Џорџија.

Во моментов се работи на собирање на 500 инженери што работат во Мерцедес-Бенц ширум САД, во нов центар за развој и истражување, што ќе се изгради во близина на Сенди Спрингс.

Таскалуза е историски дом на СУВ-моделите на Мерцедес-Бенц

Првата М-Класа и прв СУВ на Мерцедес-Бенц беше произведена во Алабама пред безмалку 30 години. Во фабриката денес работат околу 5.800 високо стручни лица, во производството на ГЛЕ и ГЛС, вклучувајќи ги АМГ- и Мајбах-верзиите, како и електричните Е-Ку-Е и Е-Ку-С. Наскоро ќе им се приклучи новиот ГЛЦ.

Шест од секои 10 произведени возила заминуваат за извоз, со што МБУСИ е еден од најголемите извозници на автомобили во САД.

Посебно поглавје е монтажата на доставни возила во Чарлстоун, Јужна Каролина, од каде што излегуваат Спринтер и неговата електрична изведба за пазарите во Северна Америка.

Компанијата вработува близу 160.000 лица, од кои 10.600 директно, а 7.500 од нив се во производството. Се цени дека со Мерцедес-бенц се поврзани уште 107.000 работни места кај добавувачите и во услужните дејности. Понатаму, 386-те дилери низ цела САД, вработуваат уште 27.000 лица.

Мерцедес-Бенц лани продаде 303.200 патнички возила и уште 40.000 доставни возила во САД. За да се осигури големиот пазар, до 2030 година ќе се вложат над 7 милијарди долари, од коишто 4 милијарди опат во фабриката во Таскалуза.

Претходна објаваБМВ мораше да смени еден детал за да го продава новиот СУВ во Кина
Следна објаваПежо Полигон Концепт гостуваше во Виена, го навестува изгледот на идниот 208

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here