
Мерцедес-Бенц ќе го користи саемот за историски возила Ретро Класика во Штутгарт за да ја потсети сцената за својот придонес за светот на автомобилите во изминативе 140 години.
Годинава за Мерцедес-Бенц ќе мине во знакот на јубилејот, 140 години од првото моторно возило во светот, од коешто понатаму ќе произлезе Мерцедес-Бенц и ќе се испишат најважни историски поглавја.
Секако дека саемот за историски возила Ретро Класика во Штутгарт е најпогоден терен за таков јубуилеј. Посебното одделение, што и не е далеку да се нарече фабрика, и се води како Мерцедес-Бенц Херитиџ, нормално дека изложува во 1-та хала, на настанот што се одржува од 19-ти до 22-ри февруари.
Главната порака што Мерцедес-Бенц Херитиџ ќе ја испрати на Ретро Класика е претстојното пуштање во работа на новиот центар за историски возила во Фелбах, во близина на Штутгарт. Овој центар ќе понуди двојно поголем простор за работа на поправки и реставрација во сервисната работилница, заедно со понуда од резервни делови што повторно е збогатена, и тоа што веројатно им е највредно на сопствениците на стари Мерцедеси, совети од експерти.
Отворањето е планирано за напролет, и тоа ќе биде најголем центар за реставрација и поправка на историски возила на Мерцедес-Бенц во светот.
Тоа што по германските патишта, и не само во земјата, не може да останат незабележани бројни Мерцедеси што изгледаат како штотуку да се излезени од фабрика, секако дека е заслуга и на овој центар, чијшто услуги ги користат сопствениците на скапи, и најважното, сакани коли.
Тука доаѓаат на одржување и СЛР Мекларен, и историски примероци од Мајбах. За реставрација, тука се носат Мерцедесите.
Класик Центарот на Мерцедес-Бенц редовно реставрира јангтајмери и олдтајмери, и ги нуди во продажба, со сите сертификати и гаранции за квалитет. За годинешнава Ретро Класика, избрани се три родстери од серијата СЛ, од три различни генерации.
СЛ најверно ја прикажува вештината на оваа марка, да конструира спортски автомобил, што пак е Мерцедес-Бенц. Познавачите ќе се радуваат на 300 СЛ од генерацијата В 198 од 1960 година, што првпат се изложува во Германија и буквално е најден во шупа.

Тој е откритие на центарот во Лонг Бич, Калифорнија. Возилото е посебно по тоа што нема претрпено зафати врз каросеријата и техниката; фабричка состојба во секоја смисла. За изложениот примерок е сосем извесно дека ќе се најдат „спонзори“ за реставрацијата, што понатаму ќе си го преземат возилото во колекцијата.
Вториот СЛ е култниот Пагоде, тоа е 230 СЛ од генерацијата В 113, што е реставриран во 2010-те години. Возилото е дел од приватна колекција и се изложува на посебни настани.

Триото го заокружува 300 СЛ од генерацијата Р 107, со поминати 29.300 километри, од прв сопственик, со бројни опции.















