
Не е далеку од вистината дека секој ден во годината може да се поврзе со настан од историјата на Мерцедес-Бенц. Големи празници: 140 години како производител на автомобили, 130 години како производител на камиони и 100 години под името Мерцедес-Бенц.
Светот в година ќе одбележи 140 години откако е патентиран првиот автомобил во историјата, Бенц од 1886 година. Во својата десетта година, компанијата почнала да произведува и товарни возила. Во 1926 година, Бенц унд Цие се соединува со Даимлер-Моторен-Гезелшафт и оттаму подоцна произлегува марката Мерцедес-Бенц.
Главниот настан што веројатно ќе биде одбележан со посебни настани во бројни земји, секако се 50-те години од пуштањето во продажба на славната генерација Ве 123, претходничката на денешната Е-Класа.
Мерцедес-Бенц Класик е посебен огранок на германскиот производител што е специјализиран за историјата на компанијата. Толкаво значење има името Мерцедес-Бенц и толку длабоки белези има оставено истото.
Пред влегувањето во Новата Година, Штутгарт редовно ги соопштува празниците што претстојат во „државата и религија“ Мерцедес-Бенц. Покрај пуштање нови модели, календарот на празници секако опфаќа и бројни настани од мотоспортот.
Главните празници на Мерцедес-Бенц во 2026 година
- 23-ти јануари 1951 (пред 75 години): Патентиран е изумот на безбедносна каросерија на Бела Баренји. Првиот сериски модел со таква каросерија се „опашестите“ лимузини од генерацијата Ве 111.
- 27-ми јануари 1976 (пред 50 години): Презентација на серијата 123 на Мерцедес-Бенц. Кусо потоа се придружуваат комбито Т-Модел и купето.
- 29-ти јануари 1886 (пред 140 години): Карл Бенц го пријавува за патент трициклот „Возило со погон со гасен мотор) – тој момент го означува раѓањето на автомобилот.
- 3-ти до 8-ми февруари 1986 (пред 40 години): Мерцедес-Бенц во Финска ги претставува системите за асистенција АСР (контрола на тракција) и АСД (автоматска блокада на диференцијал), заедно со автоматски погон 4Матик.
- 8-ми март 1886 (пред 140 години): Горлиб Дајмлер нарачува кочија, во којашто тој го вградува својот брзовртечки мотор со внатрешно согорување и со тоа го создава првиот автомобил со 4 тркала.
- 25-ти до 29-ти март 1901 (пред 125 години): Мерцедес-Бенц 35 ПС владее на трките во Ница. „Влеговме во ерата на Мерцедес,“ заклучува генералниот секретар на автомобилскиот клуб на Франција.
- 19-ти до 29-ти април 1951 (пред 75 години): На салонот ИАА во Франкфурт доживува премиера претставителниот Мерцедес-Бенц 300 (Ве 196) и претходничката на С-Класата, Мерцедес-Бенц 220 (Ве 187).
- 19-ти мај 2006 (пред 20 години): Отворање на музејот на Мерцедес-Бенц, пред вратите на фабриката во Унтертиркхајм. Тоа место брзо прераснува во собиралиште на заљубениците во марката од целиот свет.
- 25-ти април до 5-ти мај 1996 (пред 30 години): Мерцедес-Бенц СЛК (Р 170) има деби на салонот во Торино. Со преклопливиот покрив од челик, овој родстер воведува нов пазарен сегмент.
- 12-ти до 15-ти јуни 1976 (пред 50 години): Ц 111-Втор Д, поставува три светски рекорди на патеката Нардо и 16 рекорди во класа. Во 2025 година, тамуи поставуваше рекорди концептниот АМГ ГТ Икс Икс.
- 28-ми/29-ти јуни 1926 (пред 100 години): Бенц унд Цие и Дајмлер-Моторен-Гезелшафт (друштво Дајмлер-Моторен) се соединуваат во Дајмлер-Бенц АГ, од каде што понатаму произлегува марката Мерцедес-Бенц.
- 30-ти јуни 1996 (пред 30 години): Мерцедес-Бенц Ц 36 АМГ е првиот официјален безбедносен автомобил на Мерцедес-Бенц во Формула 1. Тоа прераснува во традиција што опстојува до денес.
- 31-ви јули 2001 (пред 25 години): Мерцедес-Бенц СЛ од генерацијата Р 230 доживува премиера во уметничката галерија Дајхторхален во Хамбург. Родстерот донесува бројни иновации.
- 18-ти август 1896 (пред 130 години): Готлив Дајмлер го прикажува првото товарно возило со моторен погон. Првиот примерок е продаден на Британскиот Синдикат за Мотори во Лондон.
- 24-ти август 1986 (пред 40 години): Заубер-Мерцедес Ц8, тркачки болид од група Ц, ја постигнува првата победа. Тоа го означува враќањето на марката во мотоспортот.
- 12-ти септември 1926 (пред 100 години): Директорот за трки Алфред Нојбауер го воведува системот на знаци за комуницирање со возачите на трката во Золитуденренен.
- 9-ти октомври 1946 (пред 80 години): Почнуваат тестирања на прототипот за Унимог. Поранешни инженери на Дајмлер-Бенц АГ го развиваат „УНИверзал-МОторенГерет фир ди Ландвиртшафт“, односно универзалниот моторизиран уред за земјоделство. Унимог во почетокот во 1949 година се произведува во Берингер, а од 1951 година излегува од фабриката на Мерцедес-Бенц во Гагенау.
- 4-ти до 14-ти октомври 1951 (пред 75 години): Спортскиот и луксузен 300 С (Ве 188) доживува премиера на салонот во Париз, како варијанта со две врати од Тип 300 (Ве 186), како купе, кабриолет А и родстер. Тоа е најбрзиот сериски автомобил од Германија на времето.
- 15-ти октомври 2006 (пред 20 години): Бернд Шнајдер на трката во Леман ја обезбедува својата петта титула на првак во ДТМ. Тоа е важечки рекорд, како амбасадор на марката.
- 5-ти декември 1896 (пред 130 години): Бенц унд Цие го испорачува своето прво „возило за достава“, Лиферунгсваген. Тоа е прво товарно возило во светот. Постои и товарна изведба од Велоципед.















