Такси превозот со роботски возила на Вејмо беше жртва на прекинот во електричната мрежа, што погоди голем дел од Сан Франциско.
На друштвените мрежи веднаш се појавија безброј видеа, во коишто се прикажува како голем број автомобили во саботата останаа заглавени среде крстосница, со вклучени безбедносни трепкачи.
Од прекинот во струјната мрежа беа погодени 130.000 потрошувачи, вклучувајќи и масовно затворање на продавниците и попречен сообраќај, што меѓу другото ги погоди и роботските такси возила на Вејмо.
Патник со име Мишел Рива, 30-годишник, опишува дека во саботата бил на пат дома во автомобил на Вејмо, кога се случил прекинот. Автомобилот запрел во дел од градот каде што нема многу сообраќај. Тој бил на минута до дома, кога автомобилот одненадеж запрел пред „тешко заглавена крстосница“, со исклучени семафори.
„Останав во Вејмото уште неколку минути, само за да видам што ќе се случи“, објаснува Рива, кој е токму инженер што работи на вештачка интелигенција. „Проблемот беше во тоа што во почетокот голем број луѓе преминаа улица, затоа што семафорите не работеа. Верувам дека Вејмо едноставно не знаеше што да прави.“
🇺🇸 SAN FRAN BLACKOUT – WAYMO FROZE, TESLA DROVE
Waymo’s robotaxis got a little too real last night – by completely shutting down when San Francisco’s power outage knocked out traffic lights.
Meanwhile, Teslas on FSD? Kept rolling. No drama, no headlines – just handling chaos… pic.twitter.com/8FinYpAOcB
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) December 21, 2025
Прекинот во електричната мрежа бил предизвикан од пожар во трафостаница и истиот бил надминат веќе вечерта. До следното утро, струјата се вратила кај 110.000 потрошувачи, но 21.000 и натаму останале без струја.
Рива се обидел да побара корисничка поддршка, откако три минути бил заглавен во автомобил што не се движи, но се откажал поради тоа што централата очигледно била преоптоварена од обидите на останатите корисници на Вејмо со истиот проблем. Тој си заминал од возилото и продолжил пеш.
Во неделата, на апликацијата на Вејмо пристигнала вест дека е прекината услугата во поширокото подрачје на заливот, со најмалку седум засегнати градови од проблемот.
Илон Маск, од директниот конкурент Тесла, објави на мрежата Икс дека роботските такси возила на неговата компанија не биле погодени од струјниот прекин.
















