
Сојузната држава Калифонија го обвини производителот на електрични автомобили Тесла, дека во рекламите погрешно наведува оти возилата се технички способни за автономно возење и со тоа ги продава со лажно ветување.
Со тоа што се користат поимите на Автопилот и Фул Селф Драјвинг Кејпебилити (ФСД, односно способност за целосно самостојно управување), купувачите се донесуваат во заблуда. Место тоа, се работи само за системи за асистенција, објави калифорнискиот Оддел за моторни возила ДМВ. Тоа претставува повреда на законите на сојузната држава.
Опасност од губење на лиценцата за продажба
ДМВ ѝ даде на Тесла рок од 60 денови да преземе конкретни чекори во врска со користењето на поимот Автопилот. Следен чекор би бил одземање на лиценцата за продажба на период од 30 денови. Доколку не се изнајде решение, Тесла понатаму ќе го изгуби правото да продава возила во Калифорнија, којашто е голем пазар за електрични возила.
Судијата за управни постапки, претходно препорача да се поништи и лиценцата на компанијата Тесла да произведува автомобили. Во тој случај, компанијата на Илон Маск ќе мора да го запре производството во својата главна фабрика, што се наоѓа во Фримонт. ДМВ сепак се откажа од таква мерка „во моментно и трајно дејство.“
Тесла ја смени рекаламата за ФСД
Во соопштението, директорот на ДМВ Стив Гордон, објаснува: „Тесла може да ја запре оваа одлука и трајно да го реши проблемот, со едноставни чекори.“ Тоа се воедно истите чекори, што веќе ги презедоа останатите компании за автономно возење и производители на автомобили.
Критиките околу рекламите за системите во возилата на Тесла не се новина. ДМВ уште пред две години изврши притисок врз производителот. Затоа, во онлајн-конфигураторот на Тесла за САД, денес повеќе не се спомнува способност за целосно самостојно управување (ФСД), туку поимот е сменет во Фул Селф Драјвинг Супервајзд, односно целосно самостојно управување – под надзор.
[the_ad id=”85764″]
„Автопилотот“ со ветувања што не ги исполнува
„Под надзор“ значи дека возилото мора да се следи будно и да се надгледува. Додавката значи дека возачот мора да биде способен да ја преземе контролата во секое време. Под тоа, Тесла наведува: „Моментно вклучените функции бараат активно следење од страна на возачот и не прават возилото да биде автономно.“
Поради тоа, тужбата од калифорнискиот ДМВ сега главно се сосредоточува на таканаречениот Автопилот, односно системот за полуавтономно возење од Ниво 2 според стандардите САЕ. Во пишувањата на тамошните медиуми, Тесла преку адвокати соопшти дека компанијата никогаш не ги довела своите купувачи во заблуда.















