
За логистиката, односно за сиот транспорт на делови и најразлични компоненти, во фабриката на БМВ во Регенсбург, во иднина ќе се користи водороден погон. Во одделението за пресување, во заварувањето на каросериите и во завршната монтажа на возила, уште од 2026 година се вклучуваат вилушкари и доставувачи, односно „возови во халите“, што ќе се движат на водороден погон.
Денес симболично беше одбележано поставувањето на првиот цевковод врз покривот од една хала, во присуство на високи претставниц од БМВ АГ и од градот Регенсбург. Тоа е почетокот на цел иден цевковод од нерѓосувачки челик, што ќе служи за сета логистика во фабриката.
Водородот ќе „протече“ во второто полугодие од 2026, за точење во вилушкарите во доставувачите што ќе носат делови до одделни работни позиции. Директорите ценат дека „постепеното префрлување на нашата интралогистичка флота на електричен и водододен погон е придонес за БМВ иФактори.“
Цевководот за водород низ фабриката ќе биде долг шест километри, со шест станици за точење во халите. Доставувањето водород ќе биде преку централа што е поставена на отворено.
Од вкупно 230 возила во логистиката што ќе користат водород, во второто полугодие од 2026 година ќе бидат пуштени во пробна работа 85 возила. Целосното префрлување на водород е планирано за 2031 година.
Полнењето водород е брзо и одвај има разлика со полнењето обично гориво, но разликата секако е во тоа што емисијата на ЦО2 е нула. Регенсбург во моментов користи батериски електрични возила, чијшто празни батерии се заменуваат со полн двапати во смена. Целата постапка трае околу 15 минути.
Видеото од тестот на Мини Купер Ц во Аутомедиа
Предноста е тоа што ќе се користи локално „произведен“ водород
Со преоѓањето на водород, нема потреба од сложено менување на батерии со помош на кран, туку ќе се врши обично точење. Нема потреба ниту од просторот со површина од 800 метри квадратни, што во моментов се користи за батериите, главно за полначите.
Регенсбург е една од 30-те фабрики на БМВ во светот и дневно изработува по 1.400 примероци од Икс 1 и Икс 2, со мотори и со електричен погон. Фабриката директно вработува 9.250 лица.















