Француските фабрики на Стелантис ќе произведат за 11% помалку возила во 2028

Во објава на Фајненшел Тајмс се наведува дека во следните три години ќе опадне продукцијата во фабриките на концернот Стелантис во Франција.

Фабриката на концернот Стелантис во Поаси, Франција; една од петте фабрики за завршна монтажа на возила во земјата

Бројот на возила што се произведуваат во петте фабрики за монтажа на концернот на Пежо и Фиат во Франција, во периодот од 2025 до 2028 година ќе се намали за 11 проценти, стои во објавата, заснована врз процените според вредностите што ги прикажува концернот.

Стелантис очекува дека ќе се намали вкупната продукција во сите пет фабрики за завршна монтажа во следните три години, што значи дека продажбата во 2028 година ќе падне под 590.000 возила, наведува ФТ. Угледниот медиум се повикува на податоци од комората, додавајќи дека фабриката во Поаси ќе се соочи со најголем пад во продукцијата.

Во почетокот на годинава, производителот на автомобили привремено го запре производството во фабриката во Поаси, поради намалената побарувачка во Европа.

Компанијата навистина пријави зголемен раст за 13 проценти во третото тромесечје, меѓутоа предупреди дека има неповратни трошоци поради промeните во стратегијата и во планираните нови модели, под раководство на новиот шеф Антониот Филоса.

Филоса ќе го претстави својот нов бизнис план во следната година, и најави дека ќе преземе и други чекори, меѓу кои подмирување даноци во висина од неколку милијарди евра во првото полугодие, враќање на популарните модели како Џип Чероки и насочување на вниманието кон хибридни и бензински модели.

Одлука околу иднината на Поаси

Стелантис соопшти дека во првото полугодие од 2026 ќе се реши дали во фабриката во Поаси ќе продолжи производството на возила по 2028 година, меѓутоа „фабриката нема да се затвори“, наведува ФТ во објавата.

Синдикатите го поздравија тоа ветување, меѓутоа додадоа дека работните места се во опасност, затоа што нема најави за нови модели што ќе се произведуваат во фабриката.

„Тоа не е решението. Нема нов проект за производството на автомобили,“ изјави Лорен Осел, претставник на работничкиот синдикат, за Фајненшел Тајмс. Тој додаде дека синдикатите в година чекаат повеќе детали околу стратегијата на Филоса.

Фабрис Жамар, претставник на синдикатот ЦГТ, коишто имаат построги барања, додава: „Мене тоа ми се чини како играње пред народ, кажувајќи ‘Работиме нешто, се грижиме за вас, не грижете се.’ Но, кога секирата ќе падне, тогаш е предоцна,“ стои во објавата на ФТ.

Претходна објаваПежо Партнер за професионалци, со погон на сите тркала и качен 9 сантиметри
Следна објаваНа 30 години: Овие Мерцедеси в година стануваат олдтајмери

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here