Во видеото со коешто производителот на ексклузивни спортски автомобили го најавува новиот АМГ ГТ со 4 врати, се појавуваат светската ѕвезда Бред Пит и Ф1-возачот Џорџ Расел, на локација во престижен хотел во Лас Вегас. Целиот овој спектакл е наменет за првиот самостојно развиен електричен автомобил на АМГ, со техника што е далеку од секојдневна.
Мерцедес-АМГ го поздравува Бред Пит во неговата улога на заштитно лице за новиот АМГ ГТ со 4 врати на начин што му доликува, филмски. Актерот претходно се квалификуваше за оваа улога со неговиот лик во холивудскиот Ф1 Филмот. Според производителот од Афалтербах, Бред Пит поседува „достоинство, моќ и иновативност, што длабоко се вкоренети во генот на Мерцедес-АМГ“.
Во неговата прва улога како дел од „Најбрзото семејство во светот“, за какво што се ценат менаџерите во АМГ, Бред Пит се појавува заедно со ѕвездата на Мерцедес-АМГ во Ф1, Џорџ Расел.
Заплетот е следен: Бред чека да му го донесат автомобилот на валет-штанд во хотел во Лас Вегас. Возачот не е никој друг, туку токму пектратниот победник на трка во Ф1, Џорџ Расел.
Долго трае додека автомобилот пристигне, но Расел сигурно дека не се влечка. Напротив, тој изведува возачки акробации по катовите на гаражата, какви што може да изведе само врвен возач.
Намерата е да се покаже колку е прецизен, агилен и возбудлив за возење, новиот Мерцедес-АМГ ГТ со 4 врати. За разлика од постоечкиот АМГ ГТ, овој е електричен и користи сосем различна платформа. Купето со 4 врати е прв сериски модел врз платформата АМГ.ЕА. Фановите не мора да стравуваат, затоа што Афалтербах заедно ќе нуди бензински и електрични модели врз сосем различни платформи.
Премиерата на АМГ ГТ со 4 врати се подготвува за 2026 година.
Отсекогаш сум бил љубител на перформансите, како на филмското платно, така и зад воланот. Токму таа посветеност на перформанси и возбуда го издвојува Мерцедес-АМГ и горд сум што сум дел од следното поглавје
Бред Пит, актер и продуцент
Револуционерна техника
Купето со 4 врати на Мерцедес-АМГ е конструирано врз електричната платформа АМГ.ЕА, што е наменета за врвни перфоманси. Моделот располага со три погонски електромотори со радијален флукс, со сосем различна конструција од вообичаениот пристап. Техниката беше најавена со концептот АМГ ГТ Икс Икс, којшто се покажа на дело поставувајќи рекорд на брзинската патека Нардо.















