Воведувањето на новите погонски изведби во гамата на Ситроен Ц3 и на неговата СУВ-варијанта Ц3 Еркрос и соодветното зголемување на побарувачката, дополнително го охрабри концернот за веќе в година да ја зголеми продукцијата на двата модели.
Стелантис уште в година ќе додаде 40.000 дополнителни примероци во годишната продукција на Ситроен Ц3 во Крагуевац, во соседна Србија. Со тој чекор, вкупната продукција на Ц3 и на СУВ-варијантата Ц3 Еркрос се качува на 300.000 возила годишно, изјави извршниот директор на француската марка, Хавиер Шардон.
Возилата досега се произведуваа во поголем обем само во фабриката на концернот во Трнава, Словачка.
Во фабриката во Трнава исто така се произведува Опел Фронтера и нејзините капацитети „целосно се пополнети“, што доведе до ограничување на продукцијата на Ц3, кажа Шардон во интервју во Париз. „Добиваме повеќе нарачки отколку што можеме да произведеме.“
Враќањето на силата на Ситроен се темели врз зголемената побарувачка на европскиот пазар годинава, иако продажбата на автомобили во регионот уште не е вратена на нивото како пред пандемијата. Во најширокиот пазарен сегмент се води остра трка за освојување купувачи, каде што Ситроен се бори против три марки што доаѓаат од сопствениот концерн – Пежо, Фиат и Опел – покрај моделите на соперничките концерни.
Бројот на нови регистрирани возила на Ситроен во Европа порасна во третото тромесечје, благодарение на побарувачката за Ц3 и Ц3 Еркрос.
Во Франција, електричната изведба на Ц3 има појдовна цена од 14.990 евра, но тоа е посебна цена што важи со државните субвенции само за семејствата со пониски примања. Возилото е профитабилно, кажа Шардон, кој го презеде шефовското место во Ситроен, откако претходно беше на високи места во Фолксваген.
Стелантис вработи нови 400 лица во фабриката во Рен, во западна Франција, каде што неодамна започна производствотo на новиот Ситроен Ц5 Еркрос.
Првиот човек на концернот, Антонио Филоса, работи на коренити промени во глобалниот настап на Стелантис, откако во изминатата година падна добивката и се смали пазарниот удел.
Ситроен Ц3 Еркрос на прво возење во Шпанија · Со место за многу обожуватели
Стелантис веќе има разработено план за да го зголеми профитот на пазарот во САД, вложувајќи милијарди таму. Во Европа, производителот се соочува со прекумерен капацитет и неодамна беше смалена продукција во неколку фабрики. Концернот само во Франција располага со 12 фабрики.
Како дел од новата стратегија, Филоса испитува дали 14-те марки на концернот се соодветно поставени на пазарот, вклучувајќи ги планираните нови модели. Тоа посебно се однесува на Ланчиа и Масерати. Новак во европскиот бизнис на Стелантис е кинескиот партнер Липмотор, чијшто возила Стелантис сега ги продава ширум Европа, преку својата дистрибутерска мрежа.

Ситроен неодамна ја презеде улогата на Масерати во првенството во Формула Е и го прикажа тркачкиот болид Ген3 Ево, со новите бои на француската марка.
















