
Почетокот на продажбата на Шкода во Саудиска Арабија го зајакнува присуството на Блискиот Исток, каде што чешката марка продава веќе долго време.
Првите два престижни салони за Шкода ќе бидат пуштени во работа до завршетокот на годинава, во градовите Џеда и Ал Кобар, за главната филијала во Ријад да следи во 2026 година.
Шкода продолжува да пробива нови пазари за концернот. Во соработка со Самако Моторс, коишто веќе подолго од 15 години ги продаваат останатите марки на концернот Фолксваген во Саудиска Арабија, меѓу кои Ауди, Бентли и Ламборгини, Чесите влегуваат на пазарот од којшто се очекува голем раст.
Покрај лимузинската изведба на Октавија и СУВ-моделите Карок, Кодиак, Шкода на саудискиот пазар ќе го нуди и моделот Кушак, што е развиен и се произведува во Индија. Наскоро следат лимузинската и комби изведбата на Суперб, за в година да заокружи уште еден индиски модел, лимузината Славија. За компактната лимузина по пример на Рапид, постои голема побарувачка на тој пазар.
Шкода на новиот пазар ќе им се обраќа првенствено на младите возачи и семејства во поголемите градови. Покрај 156 регистрирани возила на секои 1.000 жители, во земјата постои голем простор за раст. За да се искористи тој потенцијал, Шкода основаше огранок за Блискиот Исток, како дел од Фолксваген Груп Мидл Ист. Тој центар е надлежен за целиот регион.
Шкода веќе е присутна на Блискиот Исток
Чешката марка на Фолксваген продолжува да го проширува своето присуство на пазарите во Блискиот Исток. Во првото полугодие од 2025 беше отворено дилерство во Оман, беше обновено присуството во Катар и се отворија два претставителни салони во Обединетите Арапски Емирати.
Шкода постојано напредува во светски размери, покрај тоа што во меѓувреме стана трета најпродавана марка во Европа. Меѓу новите пазари од стратешко значење се Индија и Виетнам, од каде што марката понатаму ќе се насочи кон Австралија и Нов Зеланд.














