Десет најпродавани електрични модели во Европа

На европските пазари до септември биле продадени близу 1,8 милион целосно електрични возила, што претсавува раст од 25,3 проценти.

Киа ЕВ3 наскоро ќе стане вообичаена појава на македонските улици, фирми изненадија со заинтересираноста за електричниот погон. На сликата е товарната изведба што се нуди во Холандија

Сите модели во водечката десетка во продажбата на целосно електрични автомобили во Европа имаат раст во продажбата во споредба со минатата година, со исклучок на двата модели на Тесла, коишто се соочуваат со пазар смален за преку една четвртина.

Тесла Модел Ипсилон го задржа водечкото место на европскиот пазар во првите девет месеци, со продадени 109.608 возила. Тоа се 45.395 возила помалку во споредба со истиот период лани, односно е пад од 29,3 проценти. Веднаш зад Ипсилон следи Модел 3, каде што исто така има пад од 26,8 проценти, односно 22.962 возила помалку од тој модел.

Наспроти тоа, Киа ЕВ3, Шкода Елрок и Рено 5 Е-Тек, се движат во вистинската насока, односно постигнуваат исто толкава продажба, колку што губи Тесла. Тоа значи дека кругот на купувачи коишто порано ја имале Тесла како прв избор, сега се решаваат за други марки и модели.

Според извори што се упатени во случувањата, токму Киа ЕВ3 е на пат да ја повлече електромобилноста на македонската сцена кон ново поглавје, со голема заинтересираност меѓу домашни претпријатија коишто работат со големи возни паркови. Автомобилите се веќе пристигнати и првите испораки претстојат деновиве, меѓутоа поради приватноста на разговорите, бројот на продадени примероци од Киа ЕВ3 и клиентите, во моментов не се за објавување.

Премиум Брендс, како дистрибутер на Киа и Волво, при настапот на сцената на електромобилноста имаат реализирано партнерство со Електроелемент, за проектирањето и изведувањето на полначите за електрични автомобили, што исто така е клучен фактор за преоѓање на електричен погон.

Движечката сила што ги поттикнува претпријатијата да се префрлат на електричен погон, посебно кога станува збор за големи возни паркови со преку дузина возила, секако дека се драстично смалените оперативни трошоци, односно „трошокот за бензин“. Тука нема, „не ми се допаѓа електричен погон“, туку „мора да биде електричен погон.“

Претходна објаваПежо ги донесе лавовите 3008 и 408 во Сити Мол
Следна објаваЕУ ќе соопшти во декември дали одобрила нова категорија на евтини електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here