САД ветија надминување на кризата со чипови што ја предзвикаа и ја загрозија целата автомобилска индустрија

По постигнатата трговска спогодба меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг при нивната средба во изминатава недела, најавен е излез од кризата што се закануваше да го запре производството на авотмобили ширум светот.

САД ќе објави дека Нексперија, холандски производител на чипови со фабрики во Кина, ќе продолжи да ги испорачува своите чипови, соопшти анонимен извор, по склучената спогодба за трговија меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг во изминатата недела.

Администрацијата на Трамп се очекува да ги објави деталите за овој потег, во службената објава што се подготвува во врска со постигнатата спогодба за трговија меѓу САД и Кина, кажува анонимниот извор. Веста за постигнатата спогодба околу Нексперија први ја објавија Вол Стрит Журнал.

Постои веројатност дека со овој потег ќе попушти загриженоста околу снабдувањето со чипови, коешто го загрози производството на автомобили во Европа и ширум светот. Кризата настана поради вжештувањето на трговската војна меѓу Кина и САД.

Пекинг во текот на октомври ѝ забрани на Нексперија, којашто е важен добавувач на чипови за автомобилската и електронската индустрија, да извезува од своите фабрики во Кина. Тој потег следеше како одговор, откако холандската влада ја презеде контролата врз производителот на чипови што е во кинеска сопственост, со што дополнително се влошија трговските односи меѓу Кина и Западот.

Производители на автомобили ширум светот се подготвуваа за скусување на прозиводството или дури за целосно запирање, како последица од кинеската забрана за извоз. Европската автомобилска индустрија прогласи своевидна вонредна состојба, за да спречи конфликтот меѓу САД и Кина да му наштети на производството. Добарувачите го смалија производството на компоненти што ги испорачуваат на големите производители на автомобили, како Фолксваген или БМВ.

[the_ad id=”85764″]

Во минатата недела, најголемото здружение на добавувачи за автомобилската индустрија во САД предупреди дека индустријата во земјата има залихи за уште две до четири седмици, додека извршниот директор на Форд, прогласи „проблем за целата индустрија“ за којшто е неопходно политичко решение.

Договорните услови за да продолжи испораката на чипови ќе бидат наведени во службена објава на администрацијата, во состав на спогодбата за трговија што ја потпишаа Трамп и Џинпинг на средбата во Јужна Кореја.

Со пактот случен на нивната прва непосредна средба по 2019 година, Кина се сложила да ги одложи строгите контроли на извозот на т.н. ретки земји и да продолжи да набавува соја и други земјоделски производи од САД.

САД за возврат ветиле дека ќе ја преполоват царината за кинеската стока што се поврзува со фентанилот и дека ќе ја повлече заканата да воведе 100 проценти царина за кинеска стока, што требаше почне да се применува во ноември. САД исто така ќе се откаже од реципрочни царини кон Пекинг, во период од една година.

Спорот околу Нексперија го достигна врвот во петокот, кога компанијата запре со снабдување на својата фабрика во Кина со вафери, поради несогласувања околу менаџирањето на фабриката, со што стана неизвесно дали фабриките за автомобили во Европа и пошироко ќе можат да го одржуваат производството.

Холандскиот производител испорачува големи количини транзистори и логични кола што се користат во автомобилите и во потрошувачката електроника. Во фабриките во Германија и во Обединетото Кралство се произведуваат вафери. Освен фабриката за монтажа и тестирање во Кина, компанијата располага со фабрики и на Филипините и во Малезија.

Полупроводниците добија клучна важност во трговскиот спор меѓу САД и Кина, покрај намерата на Трамп, на Кина да ѝ го ограничи пристапот до напредни чипови, во трката за технолошка доминација во вештачката интелигенција меѓу двете земји. Пекинг за возврат ја искористи својата доминација во производството на ретки земји, како залог, заканувајќи се дека ќе оневозможи пристап до минерали што се неопходни за изработка на компненти со висока технологија, што се користат во производи за масовна потрошувачка.

Претходна објаваШефот на Мерцедес очекува раст на пазарот во САД и покрај царините на Трамп
Следна објаваКиа со рекорден октомври во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here